Дијамантите се вечни — игран филм, во режија на Гај Хамилтон.
Факти за филмот Филмот „Дијамантите се вечни“ е режиран од страна на режисерот Гај Хамилтон, а главните улоги ги толкуваат Шон Конери, Чарлс Греј и Џил Сент Џон. Филмот претставува дел од циклусот филмови за тајниот агент Џејмс Бонд.Антена, бр. 805, 29.11.2013, стр. 11.
Содржина Тајниот агент Џејмс Бонд го бара криминалецот Ернест Блофелд за да му се одмазди. Него го пронаоѓа во Египет и го убива. Подоцна, британската влада забележува дека лажни дијаманти се шверцуваат од Јужна Африка во САД и затоа го испраќа Џејмс Бонд да го испита случајот. Бонд се претвора дека е Петер Френкс, трговец со дијаманти. Следејќи го патот на лажните дијаманти, Бонд открива дека нивниот нарачател е Блофелд и дека, всушност, во Египет, тој не го убил Блофелд, туку неговиот двојник.
Наводи
Категорија:Филмови со Џејмс Бонд Категорија:Филмови со Шон Конери Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1971 година