мини|Ервин Зелеринг (2013)
Ервин Зелеринг (; р. во Шпрокхефел близу Бохум) — министер-претседател на германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија од 2008 година. Моментално живее во Грајфсвалд.handelsblatt, 22.8.2008, „Der adrette Jurist“ Erwin Sellering im Portrait at nachrichten.t-online, 24 август 2008
Зелеринг студирал право и живее во Мекленбург-Западна Померанија од 1994, каде започнал да работи во судовите на Шверин и Грајфсвалд. Како член на Социјалдемократската партија на Германија, работел во владата на Мекленбург-Западна Померанија од 1998, најпрвин како државен секретар, подоцна како министер за правда, а од 2006 како министер за социјални работи. Во 2007, станал претседавач на неговата партија за Мекленбург-Западна Померанија. Во 2008 го наследил Харалд Рингсторф како премиер на покраината.
Зелеринг е познат како многу строг кон неонацистите и учествува во промовирањето на семејниот живот и семејствата. Тој е оженет и има две деца.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1949 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Политичари од Социјалдемократската партија на Германија Категорија:Германски лутеранци