Знаме на Мекленбург-Западна Померанија — знаме користено од германската сојузна покраина Мекленбург-Западна Померанија.

Пет официјални предложени знамиња биле разгледувани во 1990, но сите биле одбиени. На крајот, дизајнот на Норберт Буске, тогаш член на парламентот на Мекленбург-Западна Померанија, бил прифатен. Не било претпочитано од страна на германските вексилолози.. 21 февруари 2010. За кратко време во 1990 било користено неофицијално знаме (трибојното знаме на Мекленбург, заедно со неговиот грб).. 21 февруари 2010.

Граѓанско знаме

Граѓанското знаме (Landesflagge) прикажува пет хоризонтални ленти, сина-бела-жолта-бела-црвена, прикажани во различен сооднос, обично 4:3:1:3:4. Сината лента, обележана како ултрамарин („ultramarinblau“), е најгоре. Средишната лента е жолта, најдолната е црвена („zinnoberrot“).. 21 февруари 2010. Ги прикажува боите на покраината Мекленбург-Западна Померанија (сина, бела, жолта и црвена), кои се одредени со првиот член од покраинскиот устав.Verfassung des Landes Mecklenburg-Vorpommern (Устав на Покраината Мекленбург-Западна Померанија). Die Verfassungen in Deutschland. 2000, 2006. 21 февруари 2010. Обете знамиња се прикажани во сооднос 3:5. Била создадено преку спојување на знамињата на Мекленбург (хоризонтално трибојно знаме со сини, златни и црвени ленти) и пруската Покраина Померанија (двобојно знаме, сино-бело), во употреба од 1882.Покраинско знаме . Портал на Мекленбург-Западна Померанија. 21 февруари 2010.

Боја CMYK HKS RAL Сина (Ultramarinblau) 100/70/0/0 43 RAL 5002 Жолта (Gelb) 0/0/100/0 3 RAL 1021 Црвена (Zinnoberrot) 0/100/100/0 13 RAL 3020

Државно знаме

Државното знаме (Dienstflagge) е граѓанското знаме, на кое се ставени глава на бик и грифин (двата симбола од грбот на Мекленбург-Западна Померанија). Средишната жолта лента а е прекината на местото на симболите. Го користат полициските бродови на покраината и од официјалните тела на покраината. Исто така се прикажува на официјални настани.

Наводи

Мекленбург-Западна Померанија Категорија:Култура во Мекленбург-Западна Померанија