Перењето пари (англиски: money laundering) претставува криминална активност преку која се настојува да се прикрие вистинското потекло на средствата и да им се даде легитимитет. Криминалците тоа го прават преку прикривање на изворите, формата и видот на средствата или нивни трансфер во средини каде што не можат да привлечат внимание.FATF
Дефинирање на перењето пари Постојат бројни дефиниции на „перењето пари“. На пример, Претседателската комисија на САД за организиран криминал, перењето на пари го дефинира како процес каде што секој го прикрива постоењето на илегалното потекло или илегалната употреба на приходите, со цел да биде прикажан на таков начин кој го прави да изгледа како легален.President’s Commission on Organized Crime, “The Cash Connection: Organized Crime, Financial Institutions and Money Laundering”, October 1984. (пристапено на 10.11.2017) Директивата на Европската заедница 2005/60/ЕЗ за спречување на користење на финансискиот систем со цел перење пари и финансирање на тероризам, перењето на пари го дефинира како „прикривање на вистинската природа, изворот на парите, претворање и пренос на имотот (средства) во смисла на прикривање на незаконско потекло, односно здобивање, поседување или употреба на средства стекнати од казниво дело“.Директива 2005/60/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 26 октомври 2005 г. за спречување на употребата на финансискиот систем за целите на перење пари и финансирање тероризам, OJ L 309, 25.11.2005, стр. 15. ФАТВ го дефинира поимот за перење пари како „процес преку кој добивките за кои основано се верува дека потекнуваат од криминална активност се транспортираат, трансферираат, трансформираат, претворат или се вградуваат во легалните фондови, со цел да се прикрие нивното потекло, изворот, движењето или сопственоста“.
Според Кривичниот законик на Република Македонија, во член 273, под поимот перење на пари се подразбира:„Закон за изменување и дополнување на Кривичниот законик“, Службен Весник на Република Македонија, бр. 19/04, Скопје, 30 март 2004. пуштање во оптек, примање, преземање, заменување или раситнување пари од поголема вредност што се добиени со казниво дело или за кои се знае дека се прибавени со казниво дело. продажба, подарување или пуштање во друг вид промет имот или предмети од поголема вредност прибавени со казниво дело, или купување, примање во залог имот или предмети за кои се знае дека се прибавени со извршување на казниво дело.
Во „Прирачникот за спроведување на мерки и дејствија за спречување на перење на пари и финансирање на тероризмот“, под поимот перење пари се подразбира процес на претворање на приходи од нелегални активности во фондови кои потекнуваат од привидно законски извори, без притоа да се открие нивниот вистински извор, природа или сопственост.
Мотиви за перење пари Постојат неколку причини зошто криминалците перат пари: Криење на богатството – криминалите можат да кријат нелегално стекнато богатство за да се избегне запленување од страна на државните органи; Избегнување на кривичното гонење – криминалците избегнуваат кривично гонење од страна на властите со ограничување или дистанцирање на себеси од нелегалние средства; Избегнување на даноците – криминалците можат да избегнат плаќање на даноците на приходите на средствата; Зголемување на добивката – криминалците може да го зголемат профитот од реинвестирање на илегалните фондови во бизниси; Легитимност – криминалците можат да ги користат легализираните средства да започнат бизнис и да обезбедат негов легитимитет.
Фази на перење пари Перењето пари е процес кој поминува низ три фази: Фаза на пласман – во оваа фаза се врши првото воведување на нелегално стекнатите средства од криминалните активности во легалната економија. Целта на ова е да се прикрие криминалното потекло на парите. Перачите на пари се користат со различни техники со цел да се обезбедат од разоткривање од властите, а истовремено да ја исполнат својата задача во успешно пласирање на „валканите“ пари и нивно „прочистување“. Ова се постигнува по пат на купување на добра или депонирање на парите во финансиски институции. Доколку нелегалните пари се измешаат со легалните и редовните приходи од работењето и како такви се уплатат во банка тогаш потешко е да се открие криминалиот елемент на пласман. Најпозната техника на пласирање е smurfing, постапка со која се разделуваат валканите пари на поситни суми и како такви се уплаќаат во повеќе банки и од повеќе поединци, а целата постапка не предизвикува сомнеж и не привлекува внимание кај банкарските службеници. Фаза на прикривање – во оваа фаза се настојува да се прикрие потеклото на нелегалните средства и да се прекине документациската врска која се создала во првата фаза со изворот на средствата. Со многубројни трансакции и префрлање на парите од една на друга сметка од една во друга банка се настојува парите што повеќе да се оддалечат од изворот на средствата и да се обезбеди анонимност на сопственикот на средствата односно корисникот. Во фазата на прикривање се вклучуваат повеќе субјекти, со цел да се оневозможи следење на движењето на парите. Исто така се формираат и off-shore компании кои се користат за лажни трансакции, се инвестира на меѓународни пазари во акции и други хартии од вредност, се купува скапоцена стока и уметнички дела, се плаќаат фиктивни фактури и се даваат заеми и слично. Фаза на интеграција – ова е последна фаза од процесот на перење на пари во која веќе испраните пари се влеваат во легалната економија и може слободно да се користат од страна на сопственикот без ризик. Без разлика на своето нелегално потекло откако ќе се инвестираат во легални бизниси и валканите пари добиваат третман на чисти пари. Најпопуларни се инвестициите во недвижности, купување деловни згради или станбени од кои подоцна се остварува приход кој е сосема легален.
Техники на перење пари Постојат повеќе техники за перење на парите:Lawrence M. S., Encyclopedia of white-collar & corporate crime, Sage Publications, Thousand Oaks, 2005, стр. 78. Smurfing – оваа метода подразбира раситнување на сумата на повеќе делови и разделено депонирање на тие делови со цел да се избегне контрола и да не се предизвика сомнеж. Шверцување на готовина – оваа метода подразбира физичко пренесување на готовината преку границата и нејзино инвестирање во финансиска институција, најчесто во некоја off-shore банка, која ги чува во тајност податоците за лицето депонент или пак во која е слаба контролата за потеклото на парите. Cash-intensive businesses – фирми од кои се очекува да генерираат високи приходи често кон редовниот приход ги приклучуваат и нелегално стекнатите средства и заедно ги пласираат, а подоцна тврдат дека целата сума е стекната од легалното и редовното работење на фирмата. Најпогодни за ваквиот начин на перење на пари се фирми кои се занимаваат со давање услуги за кои е тешко да се провери обемот на работа и да се раздели сумата од легалниот бизнис и од криминалните активности. Примери за вакви бизниси се казината, стриптиз-клубови, паркинг-објекти, салони за перење автомобили и сл. Перење со купопродажба – ова метода подразбира фактурирање на производи и услуги со преценување или потценување на нивната вредност со цел да се прикрие движењето на парите Shell companies и фондови – Ваквите компании и фондови го прикриваат вистинскиот сопственик. Зависно од законодавството фондовите не мораат да го откријат идентитетот на сопственикот. Кружно движење – во овој случај парите се депонираат во контролирана странска корпорација, по можност во земја позната како „даночен рај“ каде што се чуваат минимални записи, а после истите средства се враќаат назад во земјата од која потекнале како директна инвестиција ослободена од оданочување. Bank capture – во овој случај перачите на пари купуваат мнозински пакет од акции на некоја банка во земја со слаба контрола над перење пари од страна на властите и потоа ја користат таа банка за трнсфер на пари без да им се врши надзор. Казино – перачот на пари ги користи парите да купи чипови во казино, а после кратко време на коцкање повторно ги заменува чиповите во готовина со потврда дека истите се приход од коцкање, или пак ги заменува за чек. Обложувања – перачот на пари ги користи парите за обложување и тоа по можност на резултати со високи коефициенти. Ризикот од губење на сите пари го елиминра обложувајќи се на сите можни настани. Така обложувачот ја губи само провизијата што ја платил за облогот, а парите што ќе ги добие од добитните облози може лесно да ги оправда како добивка од обложување. Недвижен имот – со нелегалнте пари се купува недвижен имот кој подоцна се издава под закуп и приходот од закупнина се прикажува како легален. На ист начин стекнатиот имот може подоцна да се продаде и пак приходот од продажбата да се пријави како легален. Алтернативно, продавачот на имотот може да се согласи да го продаде имотот по пониска вредност од вистинската, а разликата да ја наплати во готовина и да прими нелегални пари. Црни плати – компанијата може да ангажира работници без договор и без да ги пријави а истите да ги плаќа во готовина. Исплатата на плати на ваквите работници може да биде од нелегални пари. Даночна амнестија – оваа техника подразбира легализирање на нелегално стекнатите средства и готовина во т.н. даночни раеви Фиктивни кредити Приватна потрошувачка – „валканите“ пари може да се искористат за плаќање во готовина за набавка на производи наменети за крајна потрошувачка.
Последици од перењето пари Перењето пари ги предизвикува следниве негативни последици во економијата:Милошевска, Т., „Перење пари-опасен предизвик за националната безбедност на Република Македонија“, Годишен зборник на Филозофски факултет, 2015, стр. 503. (пристапено на 11.11.2017) претставуваа нелојална конкуренција на регистрираните фирми го пореметува економскиот развој влијае врз трговскиот развој ги намалува даночните приходи на државата им нанесува штета на финансиските институции поттикнува корупција ја поткопува довербата на населението
Финансирање тероризам Финансирањето на тероризам претставува активност на секое лице кое со какви било средства, директно или индиректно, незаконски и по своја желба обезбедува или собира средства со намера тие да се искористат или со знаење дека ќе бидат целосно или делумно искористени за вршење дело или кое било друго дело со кое ќе се предизвика смрт или сериозни телесни повреди на цивилно лице или кое било друго лице кое не е активно вклучено во непријателство во ситуација на вооружен конфликт, кога целта од таквиот напад по природа или содржина е да се заплаши населението или да се принуди владата или некоја меѓународна организација да стори или да се воздржи од некој чин.Конвенција за потиснување на незаконска заплена на воздухопловни возила, Хаг, 16 декември 1970.
Значењето што Меѓународната заедница го дава на финансирањето тероризам може да се види и од тоа дека во глобалната акција за координација на борбата против тероризмот во рамките на системот на Обединетите нации, се вклучени повеќе значајни меѓународни организации директно или индиректно инволвирани во борбата против тероризмот, како што се: Меѓународниот монетарен фонд, Канцеларијата на ООН за дрога и криминал, Светска банка, Извршниот директорат на комитетот за борба против тероризмот, Интерпол и тимот за мониторинг на Резолуцијата 1267.
Поврзаност меѓу процесите перење пари и финансирање тероризам Техниките кои ги користат перачите на пари се во голема мерка исти како и оние кои се користат за финансирање тероризам. И двете имаат иста цел – прикривање на изворите на средства. Финасирањето тероризам може да се врши и од легални и од нелегални средства:Џон Медингер, Перење пари водич за кривични иследници, Скопје, 2009. криминална активност; добротворни придонеси и донации; законска или полузаконска активност; спонзорства од влади или од држави.