Карло V (; ; ; ; ; ; ; 24 февруари 1500 – 21 септември 1558) владеел со Светото Римско Царство од 1519 година до 1556 година и како Карло I, со шпанското кралство од 1516 до 1556 година. Во 1556 година тој доброволно се повлекол и се откажал од титулата цар на Светото Римско Царство во полза на својот помлад брат Фердинанд I и од титулата крал на Шпанија во полза на својот син Филип II.
Карло бил престолонаследник на три европски водечки династии — Хабсбуршката династија на Хабсбуршката монархија; династијата Валоа-Бургоња на бургоњска Холандија и Трастамарската династија на круните на Кастиља и на Арагон. Владеел со широки области во Централна, Западна и Јужна Европа и со шпанските колонии во Северна и Јужна Америја и во Азија. Бидејќи Карло бил првиот крал што едновремено владеел со Кастиља, со Леон и со Арагон, тој станал првиот крал на Шпанија.Michael de Ferdinandy. Charles V. Encyclopedia Brittanica. Во 1519 година тој станал цар на Светото Римско Царство и надвојвода на Австрија. Со тоа, неговото царство се протегало речиси четири милиони км2 низ Европа, низ Далечниот Исток и низ Северна и Јужна Америка.Hermann Wiesflecker. Maximilian I. Encyclopedia Brittanica
Карло посветил долго време од своето владеење на Италијанските војни против Франција коишто, иако премногу скапи, биле успешни на воен план. По решавачката хабсбуршка победа во Битката кај Павија во 1525 година,Blockmans, Emperor Charles V, 60, 68; Guicciardini, History of Italy, 363–364; Oman, Art of War, 211. силите на Карло ги повратиле Милано и Франш Конте од Франција, што го предизвикало францускиот крал Франсоа I да ја формира Француско-отоманската алијанса. Противникот на Карло - Сулејман Величествениот поразувајќи ги христијаните во Мохачката битка во 1526 година го освоил централниот дел на Кралството Унгарија. Сепак, по неуспешниот обид да ја заземат Виена во 1529 г. напредокот на Отоманците запре.
Со исклучок на неговите воени залагања, Карло бил најпознат по улогата што ја имал во спротивставувањето на протестантската Реформација.<ref>Dennis Bratcher (ed.). The Edict of Worms (1521) .</ref> Неколку германски принцови ја напуштиле Католичката црква и ја формирале Шмалкалденската лига со цел со воена сила да го оспорат неговиот авторитет. Неподготвен да дозволи религиските војни да навлезат во неговите други домени, Карло настојувал да се свика Советот од Трент, којшто ја започнал Противреформацијата. За време на неговото владеење, Св. Игнатиј Лојолски ја основал Дружбата Исусоваза да може мирно и интелектуално да се бори против протестантството, а континентална Шпанија била поштедена од религиски конфликт главно поради мирните мерки на Карло.Henry Kamen, "Toleration and Dissent in Sixteenth-Century Spain: The Alternative Tradition." The Sixteenth Century Journal, Vol. 19, No. 1 (Spring, 1988), pp. 3–23.
Во Новиот Свет, Шпанија ги освоила Ацтеките од Мексико и Инките од Перу, па ја проширила својата контрола во поголем дел од Јужна и Средна Америка. Карло ја надгледувал Шпанската колонизација на Северна и Јужна Америка. Тој му обезбедил пет брода на Фернандо Магелан чиешто патување — првото поморско обиколување на Земјата — ги поставило темелите на империјата на Шпанија во Тихиот Океан и ја започнало шпанската колонизација на Филипините.
Иако постојано во војна, Карло го сакал мирот. „Не беше алчен за територија“, напишал Маркантонио Контарини во 1536 г., „но беше многу алчен за мир и тишина“. Терците биле главните трупи за време на целото негово владеење. Тој се повлекол во 1556 г. и Хабсбуршката монархија преминала во рацете на неговитот помлад брат, Фердинанд, додека пак Шпанската империја ја наследил неговиот син Филип II. Двете империи ќе останат сојузници сѐ до XVIII век.
Карло имал само 54 години кога се повлекол, но по 34 години енергично владеење тој бил физички исцрпен и мирот го побарал во манастирот во којшто и починал на 58-годишна возраст. Тој ја оставил Германија јасно разделена поради религијата, а Шпанија ја оставил речиси пред банкрот и на работ да ја изгуби Холандија во револт заснован на религијата.
Наследство и младост Карло е роден во 1500 година во фламанскиот град Гент и тој бил најстариот син на Филип Убавиот и Јована Лудата. Културата и учтивиот живот на бургундските Ниски Земји значително влијаеле врз неговата младост. Него го подучувале Гијом де Крој (кој подоцна станал прв негов премиер) и Адријан од Утрехт (подоцна папа Адријан VI). Се вели дека Карло зборувал неколку локални јазици: течно зборувал германски, француски и фламански јазик, а подоцна почнал умерено да го владее и шпанскиот јазик којшто кастилискиот парламент (шпански:Cortes Generales) го поставил како услов за да стане крал на Кастиља. Една духовита изрека што понекогаш му се припишува на Карло е:„На Господ му зборувам на шпански, на жените на италијански, на мажите на француски, а на мојот коњ пак, на германски.“ Но оваа изрека има неколку варијанти и честопати му се припишува и на Фридрих Велики.Burke, "Languages and communities in early modern Europe" p. 28; Holzberger, "The letters of George Santayana" p. 299
Од своите бургундски предци Карло ја наследил двосмислената врска со француските кралеви. Заедничко со Франција му биле мајчиниот француски јазик и многу културни форми. Во својата младост тој често го посетувал Париз, најголемиот град во Западна Европа во тоа време. Велел: „Париз не е град, туку универзум.“ (Lutetia non urbs, sed orbis). Карло бил свршен и со Луиза и со Шарлота од Валоа, ќерки на францускиот крал Франсоа I, но и двете починале во своето детство. Исто така, Карло ја наследил традицијата на политичко и династијско непријателство помеѓу кралските и бургундските војводски редови од династијата Валоа.
Иако Шпанија била сржта на неговите поседи, тој никогаш целосно не се асимилирал и особено на помлади години чувствувал дека го гледаат како странски принц. Шпанскиот јазик не го говорел многу добро бидејќи не му бил прв јазик. Сепак, најголемиот дел од животот го поминал таму, вклучувајќи ги и неговите последни години во шпански манастир. Имено, мотото на Карло, Plus Ultra („Уште подалеку“) станало државно мото на Шпанија.
Владеење
Бургоња и Ниските Земји
Во 1506г. Карло ги наследил бургоњските територии на својот татко, особено Ниските Земји и Франш Конте, повеќето од кои биле феуди на Германското кралство (дел од Светото Римско Царство) со исклучок на неговото родно место, Фландрија, која сѐ уште била феуд на Франција, последната останка од некогашниот моќен играч во Стогодишната војна. Бидејќи царот Максимилијан ја назначил поради тоа што Карло бил малолетен, неговата тетка Маргарита од Австрија родена како надвојвотка на Австрија, била намесник до 1515г. и наскоро таа се впуштила во војна со Франција поради тоа што од Карло било побарано да му укаже чест на францускиот крал за Фландрија, како што направил и неговиот татко. Исходот бил таков што во 1528г. Франција се откажала од своето поранешно право за барање на Фландрија.
Од 1515 до 1523 г., владата на Карло во Холандија морала да се справи и со бунтот на селаните од Фризија (предводени од Пјер Герлофс Донија и Вијард Јелкама). Во почетокот бунтовниците биле успешни, но во 1523г., по низа порази, преостанатите водачи биле фатени и обезглавени.
Со припојувањето на Турне, Артоа, Утрехт, Гронинген и Гелдерн Карло ја проширил територијата на Бургундија. Седумнаесетте провинции биле феуди или на Франција или на Светото Римско Царство пред бургундските предци на Карло да ги обединат. Во 1549г. Карло изрекол Прагматичка санкција, изјавувајќи дека Ниските Земји се обединет ентитет чиишто престолонаследници ќе бидат членови на неговото семејство.
Ниските Земји заземале важно место во Царството. Самиот Карло V ги сметал за негов дом, регионот каде што тој се родил и каде што го поминал своето детство. А поради трговијата, индустријата и богатите градови тие биле и значаен приход за државната ризница.
Шпанија
Карло бил прогласен за принц на Астурија, неоспорив наследник на неговата мајка кралицата Јована во кастилијскиот парламент во Ваљадолид од 1506г. и во Мадрид од 1510г.Cortes de los antiguos reinos de León y de Castilla; Manuel Colmeiro (1883), chapter XXIII Од друга страна, во 1502г., арагонскиот парламент којшто заседавал во Сарагоса, положил заклетва на неговата мајка Јована како веројатна наследничка, но архиепископот од Сарагоса цврсто изјавил дека таквата заклетва не може да го затврди правото сѐ додека не се измени правото на наследување на престолот, но преку формален договор помеѓу парламентот и кралот.Estudio documental de la moneda castellana de Carlos I fabricada en los Países Bajos (1517); José María de Francisco Olmos , Revista General de Información y Documentación 2003, vol 13, núm.2 (Universidad complutense de Madrid), page 137Estudio documental de la moneda castellana de Juana la Loca fabricada en los Países Bajos (1505–1506); José María de Francisco Olmos , Revista General de Información y Documentación 2002, vol 12, núm.2 (Universidad complutense de Madrid), page 299 Така, со смртта на неговиот дедо, кралот Фердинанд II од Арагон на 23 јануари 1516г., Арагонската круна која се состоела од Арагон, Каталонија, Валенсија, Неапол, Сицилија и Сардинија ја наследила мајка му Јована; додека пак Карло станал генерален гувернер.Estudio documental de la moneda castellana de Carlos I fabricada en los Países Bajos (1517); José María de Francisco Olmos , page 138 Меѓутоа, Фламанците сакале Карло да ја понесе кралската титула, а нивната желба ја поддржувале и неговиот дедо, царот Максимилијан I, и папата Лав X. На овој начин, по закопот на Фердинанд II на 14 март 1516г., тој бил прогласен за крал на Кастиља и на Арагон, заедно со неговата мајка. Најпосле, кога намесникот на Кастиља, кардиналот Хименес де Сиснерос го прифатил fait accompli, тој се согласил со желбата на Карло да се прогласи за крал и ја наметнал неговата изјава низ кралството.Со ова, градовите го признавале Карло како крал што владеел заедно со својата мајка.Estudio documental de la moneda castellana de Carlos I fabricada en los Países Bajos (1517); José María de Francisco Olmos , pp. 139–140
Карло пристигнал во своето ново кралство во есента, 1517 година. Неговиот намесник Хименес де Сиснерос дошол да го пречека, но по пат се разболел (постојат сомнежи дека бил отруен) и умрел пред успее да го види кралот.Encyclopædia Britannica, 1911 edition.
Поради нерегуларноста при преземањето на кралската титула, кога неговата мајка, законската кралица, била жива, преговорите со кастилијскиот парламент во Ваљадолид (1518г.) се одвивале тешко,Cortes de los antiguos reinos de León y de Castilla; Manuel Colmeiro (1883), chapter XXIV но на крајот Карло бил прифатен под следниве услови: да научи да зборува кастилиски, да не назначува странци, да не зема скапоцени метали од Кастиља, да ги почитува правата на својата мајка, кралицата Јована. Кортесот му оддал почит во Ваљадолид во февруари 1518г., по што Карло заминал за Кралството Арагон. Тој успеал да го надмине отпорот на арагонскиот и на каталонскиот парламент,Historia general de España; Modesto Lafuente (1861), pp. 51–52. и конечно бил признаен за крал на Арагон, заедно со неговата мајка.Fueros, observancias y actos de corte del Reino de Aragón; Santiago Penén y Debesa, Pascual Savall y Dronda, Miguel Clemente (1866) , page 64
Карло бил прифатен како владетел, и покрај тоа што Шпанија била загрижена за начинот на кој тој ќе владее со империјата. Дотогашните шпански монарси отскокнувале од законите; монархијата била спротивна од луѓето. Со Карло таа станала поапсолутна, иако тој не владеел сам со кралството сѐ до смртта на неговата мајка во 1555г.