Ограда — археолошко наоѓалиште во поречкото село Зркле. Претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на левиот брег на Мала Река, каде во нивата на месен жител, по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и покривни ќерамиди. Во долниот крај на нивата биле откопани два питоса. Исто така, сопственикот пронашол и повеќе монети. Питосите и монетите се чуваат кај сопственикот на ниватаКоцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Зркле; Список на археолошки наоѓалишта во Поречко;

Наводи

Категорија:Зркле