Шутка Сити ТВ () е приватна телевизија сместена во Париз, Франција. Оваа телезија е единствена телевизија во Европската Унија која прикажува програма на ромски јазик. Нејзин основач и моментален директор е Андријан Џеладин, ром по потекло од Македонија. Името на телевизијата е инспирирано од скопската населба Шуто Оризари, или популарно наречена Шутка.

Шутка Сити ТВ е основана во септември 2012 година по двегодишни напори на нејзиниот раководител, чија цел е преку овој медиум да ја промовира ромската култура и традиција. Џеладин сака да ги отстрани предрасудите за Ромите во Франција. Програмата освен музика, содржи и снимени и емисии во живо.http://www.dw.de/шутка-сити-тв-нова-слика-за-ромите-во-европа/a-17356643?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss

Библиографија

Категорија:Медиуми на ромски јазик Категорија:Телевизиски станици Категорија:Телевизиски станици во Франција