Старо Село или Св. Никола — археолошко наоѓалиште во преспанското село Горно Крушје. Претставува населба, црква и некропола од средниот век. Се наоѓа на околу 500–600 м северозападно од селото, каде на неколку мали каскадно распоредени тераси, според кажувањето, мештаните при обработувањето на земјата наидувале на темели од објекти градени од камен и кал. На југоисточниот крај се откриени остатоци од мала црква посветена на св. Никола. Нејзините димензии изнесуваат 5,90 × 4,30 м. Околу црквата се гледаат гробови градени од камени плочи.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Гумење — населба од доцноантичко време; Св. Спас — црква и некропола од старохристијаснко време; Горно Крушје; Список на археолошки наоѓалишта во Ресенско;
Наводи