Коренот на стапалото () се состои од седум коски рапределени во два реда (заден и преден ред) и служи за поврзување на стапалото со подколеницата. Коски во предниот ред Во предниот ред се наоѓаат пет коски: коцкеста коска (), чунеста коска (), а пред неа три клинести коски: медијална (), средна () и латерална (). Чунеста коска Чунестата коска () се наоѓа на медијалната страна од стапалото и се поврзува проксимално со скочната коска, дистално со трите клинести коски и странично со коцкестата коска. Осификацијата е последна кај чунестата коска и настанува до крајот на втората година кај девојчињата и почетокот на четвртата година кај момчињата. Коцкеста коска Коцкестата коска () е една од седумте коски на стапалото и е прва коска од предниот ред на коренот на стапалото, се поврзува со латералната клинеста коска и со чунестата коска. Медијална внатрешна клинеста коска Медијалната внатрешна клинеста коска () се наоѓа на медијалната страна од стапалото се поврзува со коцкестата коска, средишната клинеста коска, во долниот дел со метатарзалните коски и во горниот дел со чунестата коска. Средна клинеста коска Средната клинеста коска () се поврзува со двете клинести коски (латерална клинеста коска и медијална клинеста коска), во долниот дел се поврзува со метатарзалните коски и во горниот ред се поврзува чунестата коска. мини|десно|Лева чунеста коска (антерио- латерален поглед) Латерална надворешна клинеста коска Латералната надворешна клинеста коска () е последна коска од коските во предниот ред на коренот на стапалото, се поврзува со средната клинеста коска, во долниот дел со метатарзалните коски и во горниот дел се поврзува со чунестата коска. Коски во задниот ред Во задниот ред се наоѓаат две коски: скочна коска () и петна коска (). Скочна коска Скочната коска () ја пренесува тежината од телото на сводот од стапалото, горниот дел наликува на макара и се зглобува со долната страна од тибијата и двата глужда. мини|десно|Телото на скочната коска. Петна коска Петната коска () е најголема коска од коренот на стапалото, задниот слободен дел претставува петна џумка () така што се припојува со Ахиловата тетива од триглавиот мускул на подколеницата. Зглобови Зглобовите во делот на коренот на стапалото овозможуваат поврзување на стапалото со тибијата и фибулата како и поврзување помеѓу самите коски: горен скоклив зглоб () ги поврзува долните краеви од тибијата и фибулата со скочната коска; долен скоклив зглоб се дели на преден и заден, предниот дел ги спојува скочната коска, чунестата коска и петната коска, а задниот дел ги спојува петната коска и скочната коска. Функционираат како еден зглоб во кој се вршат комбинирани движења на стапалото: флексија, екстензија, абдукција, аддукција и циркумдукција. Другите зглобови на стапалото се рамни зглобови со минимални движења. Галерија

Надворешни врски

Категорија:Анатомија Категорија:Коски