мини|десно|Портрет на Питер Бројгел Помладиот од Антонис ван Дајк Питер Бројгел Помладиот (; 1564/1565 – 10 октомври 1636) — фламански сликар, познат како „Пеколниот Бројгел“ поради фантастичните сцени со оган и гротескни фигури. Припаѓал на истакнатото сликарско семејство Бројгел. На делата се потпишувал како Brueghel, поради нестандаризираниот холандски правопис.

Живот Роде е во Брисел како најстар син на прочуениот слиакр Питер Бројгел Постариот (наречен „Селанецот Бројгел“) и Мајкен Куке ван Алст. Татко му починал во 1569 г, кога помладиот Питер имал само пет години. По смртта на мајка му во 1578 г, со брат му Јан (наречен „Кадифениот Бројгел“) и сестра му Марија се преселил кај баба му, Мајкен Верхулст, вдовица на сликарот Питер Куке ван Алст. Според Карел ван Мандер, таа самата била сликарка и веројатно нивен прв наставник по ликовна уметност.

Нешто по 1578 г. семејството се преселило во Антверпен, а Питер веројатно се главил за чирак кај пределниот сликар Гилис ван Конингсло (1544–1607). Во записникот за 1584/1585 г. на Лукиниот еснаф, Питер се води како самостоен мајстор. Во 1588 г. се оженил со Елизабета Годеле и имале седум деца. Починал во Антверпен на возраст од 72 години.

Дела мини|десно|300п|„Селскиот правник“ (1621) мини|десно|„Селска свадба“ од Питер Бројгел Постариот (~1568) мини|десно|Копија на „Селска свадба“ од 1630 г. од Питер Бројгел Помладиот Сликал предели и сцени со верска и фантастна тематика. Фантастичните сцени содржат мошне бизарни ликови и пламен, со кои го заработил прекарот „Пеколниот Бројгел“.

Покрај сопствените слики, Питер Бројгел Помладиот ги пресликувал татковите дела, пресликувајќи ги со дупчена хартија . Неговите битови слики од селскиот живот ја немаат суптилноста на татко му, каде е изразена проникливоста во човечкото и живописното.Gibson, Michael. "A Dynasty of Painters: Belgium Celebrates the Bruegels". ARTnews (јануари 1981): 130.

„Изградбата на Вавилонската кула“ „Распетие“ „Светото Семејство со Јован Крстител“ „Искачување на Голгота“ „Мртва природа со цвеќе“ „Мртва природа со Светата Рода“ „Селски панаѓур“ „Селскиот правник“ „Богородица и Исус со малиот Св. Јован и цветен венец“

Семејна лоза

Поврзано Бројгел Фламанско сликарство

Наводи

Надворешни врски

Биографија на Питер Бројгел Помладиот — WGA Слики од Питер Бројгел Помладиот — WGA Питер Бројгел помладиот — „Олгина галерија“

Категорија:Фламански сликари Категорија:Ренесансни сликари Категорија:Барокни сликари Категорија:Родени во 1560-тите Категорија:Починати во 1636 година Категорија:Луѓе од Брисел Категорија:Луѓе од Антверпен Категорија:Починати во 1638 година