Најденка — археолошко наоѓалиште во битолското село Орле. Претставува некропола од железното време. Се наоѓа на околу 700 м североисточно од селото, во приватна нива, каде сопственикот вадејќи плочи за селскиот мост, во 1975 година открил гроб од монолитни камени плочи и во него гробни прилози: керамички сад и накит од бронза (фибула во вид на очила). Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Орле; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Орле