Селска Црква — археолошко наоѓалиште во битолското село Могила. Претставува населба од неолитско време. Се наоѓа североисточно од Тумба I (Сред Село). Претставува височинка со пречник во основата од околу 150 м и височина од 3 - 3,50 м, на која се подигнати селската црква Св. „Архангел Михаил“ и гробиштата. На површината се среќаваат фрагменти од керамички садови и друг неолитски материјал.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Рековчанска Тумба — населба од неолитско време; Тумба Трнска — населба од неолитско време; Роњевска Тумба — населба од неолитско време; Тумба во Ливаѓето — населба од неолитско време; Сред Село — населба од неолитско време; Школска Тумба — населба од неолитско време; Шемоска Тумба — населба од неолитско и бронзено време; Могила; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Могила