Рупка — археолошко наоѓалиште во битолското село Црничани. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 500 м западно од селото, на падините на Селечка Планина, од обете страни на патот за селото Дедебалци, каде на површина од околу 2 хектари, во неколку приватни ниви се откриени ѕидови градени од камен и варов малтер, а по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Исто така се откриени и гробови градени од камени плочи, мермерен столб со натпис и бронзени монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Клепач — населба од средниот век; Крсто — осамен наод од римско време; Св. Петка — базилика од старохристијанско време; Тврди Град — населба од доцноантичко време; Црничани; Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Црничани (Битолско)