Селиште — археолошко наоѓалиште во битолското село Барешани. Претставува населба и некропола од хеленистичко и римско време и од средниот век. Се наоѓа на 1 км западно од селото, на падините на планината Баба, каде се среќаваат остатоци од населба (фрагменти од керамички садови и градежен материјал), а по површината има и камени плочи од гробни конструкции. Видливи се темели од средновековна црква која, според кажувањето на жителите, била посветена на „Св. Варвара“. Најдени се и бронзени монети.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Отажна Маала — населба од римско и доцноантичко време; Слатина — населба од римско време; Тумба — населба од бронзено време; Барешани Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;
Наводи
Категорија:Барешани