Магарешко Мовче — археолошко наоѓалиште во битолското село Братин Дол. Претставува пат од римско време. Се наоѓа на околу 600 м западно од селото, каде што се гледаат остатоци од стар пат - калдрма. Всушност, тој е дел од античката траса на патот Вија Егнација, кој доаѓал од Ресен минувајќи под селото Ротино. Траги од патот се најдени и во месноста Црвеник во непосредната близина на Братин Дол.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Св. Спас — црква и некропола од средниот век; Стари Лозја — населба од римско време; Братин Дол Список на археолошки наоѓалишта во Битолско;

Наводи

Категорија:Братин Дол