Бад Доберан () — поранешен округ во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Бил именуван по неговиот најголем град, Бад Доберан. Округот го опкружувал градот Росток, граничејќи се со Балтичкото Море на север, како и поранешните окрузи Северна Западна Померанија, Гистров и Северозападен Мекленбург. Округот бил распуштен со административната реформа во септември 2011. Оттогаш, неговата територија е дел од округот Росток.

Историја

Пред 500 г. источногерманските племиња преовладувале во областа, кои подоцна се преселиле на запад. Тогашната рурална област потоа била слабо населена од Словените до век. Остатоци на словенски замок можат да се најдат во Рерик (кој сè уште го има словенското име). Во 1160, Хајнрих Лавот ја освоил областа; по што стигнале германски монаси, селани и трговци, за да се населат во областа. Во средниот век, областа користела поради близината на богатиот ханзеатски град Росток. Најлошо време во локалната историја била Триесетгодишната војна, кој скоро целосно ја уништил областа.

Во 1793 бањското одморалиште Хајлигендам (денес дел од Бад Доберан) било основано и областа станала летна резиденција за војводите на Мекленбург-Шверин.

Во 1952 биле основани окрузите Бад Доберан и Росток-Ланд. Тие биле споени во 1994 со цел да се создаде округот Бад Доберан. Овој округ бил споен со округот Гистров поради административната реформа во септември 2011, создавајќи го новиот округ Росток.

Географија

Округот поседува 62 километри брег долж Балтичкото Море и неговото копно на двата брега на реката Варнов. Варнов влегува во округот на југ и се влева во градот Росток. Росток бил опкружен од округот, но не и дел од него.

Грб

150п|лево|ГрбГрбот прикажува: грифон од грбот на Росток, прикажувајќи го влијанието на градот на округот бик од грбот на поранешното војводство Мекленбург верскиот стап стои на грбот поради стариот и познат цистерцијански манастир во Бад Доберан

Градови и општини

Слободни градовиСлободни општини Бад Доберан Крепелин Килунгсборн Нојбуков Думерсторф Грал-Мириц Заниц Затов Општински заедници 1. Бад Доберан-Ланд[седиште: Бад Доберан] Адмансхаген-Баргесхаген Бартенсхаген-Паркентин Бергеренде-Ретвиш Хоенфелде Нинхаген Ределих Речов Штефенсхаген Витенбек 2. Карбек Бродерсторф1 Клајн Кусевиц Манделсхаген Попендорф Рогентин Штајнфелд Тулендорф 3. Нојбуков-Залцхаф[седиште: Нојбуков] Алт Буков Ам Залцхаф Басторф Биндорф Каринерланд Кирх Мулзов Рерик2 4. Ростокер Хајде Бентвиш Бланкенхаген Гелбензанде1 Менхаген Реверсхаген 5. Шван Бениц Бреберов Касов Рукитен Шван1, 2 Форбек Виндорф 6. Тесин Камин Гневиц Грамов Нустров Зелпин Штубендорф Тесин1, 2 Телков Царневанц 7. Варнов-Запад Елменхорст Крицмов1 Ламбрехтсхаген Папендорф Пелхов Штебелов Цизендорф1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Туристичка страница

Категорија:Поранешни окрузи во Мекленбург-Западна Померанија