Сињак или Снежник (, Аскио) — планински венец во северозападниот дел на Кожанскиот Округ и источниот дел на Костурскиот Округ во Егејска Македонија. Највисок врв е Сињак со 2.111 м. Северниот дел е шумовит. Се протега од селото Клисура на северозапад до Сахинлар на југоисток, во должина од околу 30 км. Најблиски други планини се Нередска Планина на северозапад, Црвена Гора на југ и Каракамен на североисток. Реките по западните и јужните падини на планината планината извираат се влеваат во Бистрица, а оние на североисток завршуваат во Островското Езеро.
Населени места Поголеми населени места во околината на Сињак се: Сачишта на југ, Кајлар на североисток и Кожани на југоисток. На самата планина се среќаваат селата Влашка Блаца (во средиштето), Селица и Деделер во јужниот и Ланга, Дебрец, Мокрени и Клисура на северниот дел. Јужно од венецот минува автопатот „Егнатија“ (Игуменица - Јанина - Кожани - Солун) низ малата област Карајанија, вгнездена во јужните падини и обиколена со разни други планини.
Поврзано Карајанија Сињак — управна единица на Општина Горуша Црвена Гора Каракамен Костур (округ) Кожани (округ)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Кожани (округ) Категорија:Планини во Егејска Македонија Категорија:Планини во Грција