Дојран (, Дојрани) — село во северниот дел на централна Егејска Македонија, во рамките на Општина Кукуш. Има 83 жители (2011).
Географија и местоположба
Селото се наоѓа во Дојранската Котлина, на неколку километри северно од градот Кукуш. Селото е сместено на јужниот брег на Дојранското Езеро, на местото на железничката станица на некогашниот град Дојран, разрушен во Првата светска војна. Денес Дојран е на самата граница со Република Македонија и има граничен премин. Над него има огромен споменик на загинатите британски војници во Првата светска војна.
Историја
Со припојувањето на железничката станица Дојран кон Грција по Втората балканска војна, во пописот од 1913 година, Дојран е означено како село, но без жители. За време на Првата светска војна доаѓаат првите доселеници, претежно од градот Дојран, кој останал во Вардарска Македонија (тогаш дел од Кралството Србија).
Демографија
Во почетокот кога била изградена населбата, во неа живееле македонски семејства под Цариградската патријаршија од градот Дојран, додека подоцна се населиле и грчки бегалци. Така, според пописот од 1920 година, во селото живееле 108 жители, додека според пописот од 1928 година живееле 202 жители од кои 73 лица (15 семејства) грчки доселеници од Турција и Бугарија..
Во 1940 година селото броело 229 жители. Селото во пописот од 1951 година броело 244 жители, на пописот од 1961 година, во селото живееле 237 жители, во 1971 година имало 179 жители, во 1981 година имало 150 жители, додека во 1991 година имало 151 жител. Денеска, населението на селото е 183 жители.
Стопанство
Денес жителите на селото се занимаваат претежно со туризам и рибарство.
Поврзано Дојран Дојранско Езеро Дојранска Котлина
Наводи
Надворешни врски
Портал на округот Кукуш
Категорија:Кукуш Категорија:Дојран Категорија:Дојрански села Категорија:Македонско-грчки гранични премини