Нестрам (, Димос Несториу) — општина во западниот дел на Егејска Македонија, денес во Грција. Општината ги опфаќа селата во областа Нестрамкол, а нејзин административен центар е истоименото село Нестрам.

Населени места Општина Нестрам е создадена на 1 јануари 2011 г. согласно законот „Каликратис“ со спојување на четири стари административни единици — општините Нестрам и Акритес, како и општинските целини Аренес и Грамошта.

Напомена: Називот „Акритес“ е произволно даден грчки назив што не се однесуваат на ниедно постоечко место. „Аренес“ е според два планински врва.

Општинска единица Нестрам Општинската единица Нестрам ги опфаќа следниве општински оддели и населени места: десно|мини|Поранешната општина Нестрам на картата на некогашниот округ Костур.

Општински оддел Нестрам село Нестрам (Νεστόριο, Несторио) село Јановени (или Јановене; Γιαννοχώρι, Јанохори) село Омотско (Λειβαδοτόπι, Ливадотопи) село Пилкати (Μονόπυλο, Монопило) село Радигоже (Αγία Άννα, Агија Ана) село Слимница (Τρίλοφος, Трилофос) село Стенско (Στενά, Стена) село Тухол (Πεύκος, Певкос)

Општински оддел Грче село Дреничево (Κρανοχώρι, Кранохори) село Граче (или Гратче; Πτελέα, Птелеја) село Долно Граче (или Долно Гратче; Κάτω Πτελέα, Като Птелеја)

Општински оддел Котелци село Ново Котелци (Νέα Κοτύλη, Неја Котили)

Општински оддел Селско село Селско (Κυψέλη, Кипсели) Селото географски му припаѓа Епир, а не на Егејска Македонија во денешна смисла.

Напомена: Јановени и Пилкати немаат постојани жители (2011).

Во општинската единица има неколку напуштени места за време на Граѓанската војна кои денес се отпишани:

Дреново (Γλυκονέρι, Гликонери); Загар (Άγιος Ζαχαρίας, Агиос Захаријас); Котелци (Κοτύλη, Котили), кое географски припаѓа на Епир; Мирославци (Μυροβλήτης, Мировлитис), кое географски припаѓа на Епир; Личотер (или Лисотер; Περιστερά, Перистера); Чука (Τσούκα или Αρχάγγελος, Цука или Архангелос).

На територијата на општинската единица се наоѓале и атарите на старите и одамна отселени влашки грамоштенски села Линотопи (Λινοτόπι), Ветерник (Βετέρνικ, Βετέρνικο) и Фуша (Φούσια).

Општинска единица Акритес десно|мини|Поранешната општина Акритес на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Акритес со седиште во Ревани ги опфаќа следниве општински оддели и населени места на источното подножје на планината Грамошта (Грамос):

Општински оддел Ревани (733) село Ревани (Διποταμιά, Дипотамија) село Зеленград (Μεσόβραχο, Месоврахо) село Калевишта (или Калевишча; Καλή Βρύση, Кали Вриси)

Општински оддел Грлени село Грлени (Χιονάτο, Хионато)

Општински оддел Крчишта село Крчишта (или Крчишча; Πολυάνεμο, Полианемо)

Општински оддел Шак село Шак (Κομνηνάδες, Комнинадес)

На територијата на општинската единица е и денес напуштеното Ново Село (Κορφούλα, Корфула).

Општинска единица Аренес десно|мини|Поранешната општинска целина Аренес на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Аренес опфаќа четири села:

Општински оддел Борботско село Борботско (Επταχώρι, Ептахори)

Општински оддел Жужел село Жужел (Ζούζουλη, Зузули)

Општински оддел Слатина село Слатина (Χρυσή, Хриси) село Висанско (Πευκόφυτο, Певкофито)

Општинска единица Грамошта десно|мини|Поранешната општинска целина Грамошта на картата на некогашниот округ Костур. Општинската единица Грамошта или Грамошта се состои од само едно населено место — селото Грамошта (или Грамушта).

Поврзано Нестрамкол Костенарија Нестрамско-костенарски дијалект

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Нестрам