За градот во Пиринска Македонија, погл. Неврокоп. За неговата општина, погл. Општина Неврокоп.

Долен Неврокоп () — општина во Драмскиот Округ, во северозападниот дел на областа Источна Македонија и Тракија во Егејска Македонија, денес во Грција. Административен центар е градот Зрново.

Географија

Општината зафаќа површина од вкупно 3 528,86 км2 и се граничи со Пиринска Македонија, во која се преоѓа преку преминот Везме (Ексохи). Подрачјето е познато по многу ниските температури во зимата и важи за најстуденото место во Егејска Македонија и цела Грција. Познато е по производството на најквалитетен компир и грав.

Крајот привлекува посетители со скијачкиот центар „Фалакро“ на планината Боздаг (Фалакро) и традиционалното посетителско село Руждене (Гранитис), големите вештачки езера кај селата Белотинци (Левкогија) и Борово (Потами), живописните планинарски патеки и старите цркви.

Оддели и населени места десно|мини|Топографска карта на општината десно|мини|Општината Неврокоп на картата на некогашниот округ Драма. Општината опфаќа следниве општински оддели и населени места:

Општински оддел Зрново град Зрново (Κάτω Νευροκόπι, Като Неврокопи) Општински оддел Белотинци село Белотинци (Λευκόγεια, Левкогија) Општински оддел Блачен село Блачен (или Блатчен; Αχλαδέα, Ахладеја) Општински оддел Борово село Борово (Ποταμοί, Потами) Општински оддел Волак село Волак (Βώλακας, Волакас) Општински оддел Везме село Везме (или Везмен; Εξοχή, Ексохи) Општински оддел Волково село Волково (или В’лково; Χρυσοκέφαλος, Хрисокефалос) Општински оддел Горна Лакавица село Горна Лакавица (Μικροκλεισούρα, Микроклисура) село Странен (Πέρασμα, Перасма) Општински оддел Долно Броди село Долно Броди (Κάτω Βροντού, Като Вронду) Општински оддел Елес село Елес (или Лисе; Οχυρό, Охиро) Општински оддел Караќој село Караќој (Κατάφυτο, Катафито) Општински оддел Куманич село Куманич (Δασωτό, Дасото) Општински оддел Оштица село Оштица (или Воштица; Μικρομηλία, Микромилија) Општински оддел Руждене село Руждене (или Ѓуреџик; Γρανίτης, Гранитис) Општински оддел Старчишта село Старчишта (Περιθώρι, Перитори) Општински оддел Трлис село Трлис (Βαθύτοπος, Ватитопос) Општински оддел Черешово село Черешово (Παγονέρι, Пагонери)

Поранешни села На територијата на Општина Неврокоп се наоѓаат и следниве иселени или веќе непостоечки села:

Борен Бутим Витово Вршен Гуштерак Даблен Дебрен Долна Лакавица

Избишта Кашица Кољарба Костен Ливадишта Ловча Лозна Малошиица

Манастир Муждел Перух Почан (Почен, Бучан, Божан) Ракиштен Сидерово Старен Тисово Шурдилово

Поврзано Боздаг — важна планина во подрачјето Неврокоп — град Пиринска Македонија, денес наречен Гоце Делчев Општина Гоце Делчев — општината на градот Гоце Делчев (Неврокоп) Список на села во Драма

Наводи

Надворешни врски Портал на Општина Неврокоп