Мирослав Клозе (, , роден во Ополе, Полска, 9 јуни 1978) — пензиониран германски фудбалер, напаѓач, каде што кариерата ја завршил во италијанскиот клуб Лацио во Серија А и германската репрезентација.
Личен живот Неговата мајка Барбара e Полјакиња и била член на одбојкарската репрезентација на Полска (82 меѓународни натпревари), а татко му Јозеф Клосе е Германец и играл фудбал за Одра и Осер. Семејството се преселило најпрво во Франција, а подоцна во 1987 година во Кусел, Германија.
Кариера Клупска кариера Клозе ја започнал својата кариера во аматерската екипа Блаубах-Диделкопф. Во 1998 година се преселил во екипата на Хомбург 08, каде што останал само една сезона пред да направи трансфер во Кајзерслаутерн. Во дресот на Кајзерслаутерн одиграл 132 натпревари и постигнал 47 голови. Во 2004 година потпишал за Вердер Бремен, а во 2007 дошол во Бајерн Минхен, со кој ја освоил титулата во Бундеслигата двапати во сезоните 2007-08 и 2009-10. Од 2011 година мастапува во Серија А за екипата на Лацио.
Репрезентативна кариера Првиот повик за репрезентацијата го доби во 2001 година, каде дебитираше во квалификацискиот меч за Светското првенство 2002 против Албанија и постигна еден гол. Отиде на Светско и на првиот натпревар против репрезентацијата на Саудиска Арабија постигна хет-трик. Тој учествуваше и на Светско првенство во фудбал 2006, каде што освои титула за најдобар стрелец со дадени пет гола. На Светското 2010 постигна четири гола, а голот против Гана во вториот круг на групната фаза на Светското првенство во 2014 година го изедначи со Роналдо на прво место на вечната список на стрелци во светските првенства со 15 гола.
За репрезентацијата на Германија до 7 јуни 2014 година одигра 132 натпревари и постигна 69 голови. Постигнувајќи го 69 гол за репрезентацијата на 6 јуни стана најдобриот стрелец на германската репрезентација во историјата.
Надворешни врски Официјална страница
Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Кајзерслаутерн Категорија:Фудбалери на ФК Вердер Бремен Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2002 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2010 Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2014 Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1978 година