Којанискаци (), познат и како Којанискаци: Живот надвор од рамнотежа — филм од 1982 во режија на Годфри Реџио со музика компонирана од страна на Филип Глас и кинематографија на Рон Фрике.
Филмот се состои главно од забавени и снимки во постепено забрзано развивање на различни пејзажи во САД. Визуелниот тонски поем не содржи никаков дијалог ниту воклано раскажување. Тонот е распределен по подреденоста на сликите и музиката. Реџио го објаснува недостигот на дијалог преку следната изјава: „Овој филм нема јазик не поради недостигот од љубов кон него туку поради тоа што од моја гледна точка, јазикот е во состојба на масовно понижување и омаловажување. Тој повеќе не го опишува светот во којшто живееме“." Значењето на зборот Којанискаци (Koyaanisqatsi) во превод од јазикот Хопи значи „живот надвор од рамнотежа“. Овој филм е прв од трилогијата Каци. Другите два филмови од оваа трилогија се Повакаци (1988) и Накојкаци (2002). Трилогијата ги отсликува различните аспекти во врската помеѓу луѓето, природата и технологијата. Којанискаци е најпознат филм од трилогијата и се смета за култен филм. Сепак, поради проблеми во авторските права, филмот бил повлечен од производство во почетокот на 90-те.
Наводи
Надворешни врски
Koyaanisqatsi на The Criterion Collection
Категорија:Филмови од 1982 година Категорија:Филмови режирани од Годфреј Реџио Категорија:Американски документарни филмови