Гадебуш () — град во округот Северозападен Мекленбург, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Градот се наоѓа на половина пат помеѓу Либек и Шверин. Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Градот е познат по својата Градска црква (Stadtkirche), изградена во 1220 година, сметана за најстара тулна црква во Мекленбург и Замокот (Schloss), изграден во периодот 1580-1583 во северноренесансен стил.

Близу градот се одиграла Битката кај Гадебуш во 1712 година во Големата северна војна.

Градски единици

Покрај градот Гадебуш, кон самиот град се вклучени и следниве населени места:

Амтсбаухоф Ан дер Флете Буххолц Дорф Ганцов Гистов Гистов Вердер Хоф Ганцов Јармсторф Клајн Хундорф Мелин Ној Баухоф Ној Гистов Рајнхартсдорф Штресдорф Вакенштет

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Северозападен Мекленбург Категорија:Градови во Мекленбург Категорија:Населени места основани во 13 век