Случаи е збирка куси раскази од рускиот писател Данил Хармс. Збирката е објавена во 2004 година, од издавачката куќа “Темплум”.
Технички податоци Збирката “Случаи” е објавена како 11 книга на библиотеката “Магма”. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 128 страници. Преводот од руски јазик е дело на Павел Попов. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски” - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-36-4. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата “Точка”, а книгата е испечатена во печатницата “Боро графика”. На предната корица е ставена фотографија од доцните дваесетти години на XX век, на која се прикажани маж и жена со повреди на главата, здобиени во сообраќајна несреќа. На крајот од книгата е дадена хронологија на животот на Хармс, напишана од Анатолиј Алекандров, по што следуваат три страници со фотографии на Хармс. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.Данил Хармс, Случаи, Темплум, Скопје, 2004.
Содржина Збирката ги содржи следниве раскази: Случки Паѓаат старици Сон Столарот Кушаков Загуби Што се продава сега во продавниците Борци Линчување Средба Случка Случајот со Петраков Федја Давидович Сандак Машкин го убил Кошкин Почеток на мошне убав летен ден Рехабилитација Ме нарекуваат мајмун Сега ќе раскажам... Симфонија Сликарот и часовникот Сонет Паѓање Судбината на жената на професорот Неочекувана пијанка Пречка Младичот кој го зачуди чуварот Иван Јаковлевич Бобов се разбудил... Спомените на еден мудар старец Историска епизода Витез Пет недовршени приказни Оптичка измама Сказна Таинствена случка Натпреварување Врска Неуспешна претстава Четири илустрации Прво и второ Мојот метод Настан Метален поглед Ток! Литерарни анегдоти Анегдоти од животот на Пушкин За Пушкин Пушкин и Гогољ
Наводи
Категорија:Дела на Данил Хармс Категорија:Изданија на Темплум