„Конзервирани импресии“ — збирка куси раскази од македонскиот писател Горан Стефановски. Збирката е објавена во 2004 година од издавачката куќа „Темплум“.

Технички податоци Книгата е објавена како 13 книга на библиотеката „Магма“. Книгата е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 107 страници. Каталогизацијата е извршена во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи ознаката ISBN 9989-902-38-0. Графичкото уредување и дизајнот на книгата е дело на фирмата „Точка“, а книгата е испечатена во печатницата „Винсент графика“. На предната корица се ставени објекти од Жерар Брасел. На задната корица се наоѓа мал осврт врз делото.Горан Стефановски, Конзервирани импресии, Темплум, Скопје, 2004.

Содржина Збирката „Конзервирани импресии“ содржи 101 кус расказ. Од нив, расказите под реден број 1-20 претходно биле објавени во списанието „Разгледи“, во 1974 година; оние под реден број 21-45 биле објавени во „Разгледи“, број 5, од 1979 година; оние под реден број 46-72 биле првобитнообјавени во „Разгледи“, број 10, од 1980 година; додека расказите под реден број 73-101, напишани во периодот 1980-1983, за првпат се објавени во оваа збирка.Горан Стефановски, Конзервирани импресии, Темплум, Скопје, 2004, стр. 107.

Наводи

Категорија:Дела на Горан Стефановски Категорија:Изданија на Темплум Категорија:Книги од 2004 година Категорија:Македонски раскази Категорија:Појавено во 2004 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2004 година