„Сите се добро“ (англиски: Everybody's Fine) — американски филм од 2009 година, во режија на Кирк Џоунс (Kirk Jones). Главните улоги ги играат: Роберт Де Ниро (Robert De Niro), Дру Баримор (Drew Barrymore), Сем Роквел (Sam Rockwell) и Кејт Бекинсејл (Kate Beckinsale). Филмот претставува преработка на истоимениот италијански филм на режисерот Џузепе Торнаторе (Giuseppe Tornatore). Откако го видел филмот на претпремиерната претстава, Пол Макартни ја напишал песната „Сакам да се вратам дома“ (I want to come home) која била номинирана за наградата „Златен глобус“ за најдобра оригинална песна.Svi smo dobro, američki film (2009.) (пристапено на 14.4.2024)

Содржина Френк Гуд (го игра Де Ниро) го поминал целиот живот во локалната фабрика за кабли, напорно работејќи за да го прехрани своето семејство. Кога заминува во пензија, осум месеци по смртта на сопругата, тој сфаќа дека во изминатите години поминувал малку време со своите четири деца и решава повторно да се зближи со нив. Додека ги посетува едно по едно, Френк открива дека нивните животи не се совршени како што тие ги прикажуваат...Антена, број 835, 27.6.2014, стр. 18.

Наводи

Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови со Роберт де Ниро Категорија:Филмови со Дру Баримор Категорија:Филмови со Сем Роквел Категорија:Филмови со Кејт Бекинсејл Категорија:Филмови од 2009 година Категорија:Филмови на Кирк Џоунс Категорија:Филмови за семејства Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во САД