Кронах () — град во Горна Франконија во сојузната покраина Баварија, Германија. Сместен е во подрачјето Франконска Шума и претставува административен центар на истоимениот округ Кронах.

Ова е родно место на повеќе познати личности: славниот ренесансен сликар Лука Кранах Постариот, барокниот архитект Максимилијан фон Велш, келтологот Јохан Каспар Цојс и Вирцбуршкиот епископ Јозеф Штангл.

Градот има речиси целосно зачуван градски ѕид и најголемата средновековна тврдина во Германија — крепоста „Розенберг“ (Festung Rosenberg). До неодамна тука се наоѓало седуштето на производителот аудио-видео опрема „Loewe“ (Леве).

Во Кронах се слеваат реките Хаслах, Кронах и Родах.

Историја Во 1634 г. Триесетгодишната војна градот успешно се одбранил од шведската војска со помош на женското население.http://www.dw-world.de/dw/article/0,2144,3537654,00.html Women's History Is Writ Large in Bavarian Town], 6 август 2008

За време на Првата светска војна во Кронах имало логор за заробени офицери.

Наводи

Надворешни врски

Портал на Кронах

Категорија:Кронах (округ)