Тринаесетмината на Оушн (англиски: Ocean’s Thrirteen) е американски филм од 2007 година, во режија на Стивен Содерберг. Главните улоги ги толкуваат: Џорџ Клуни, Бред Пит, Мет Дејмон, Ал Пачино и Елен Биркин. Содржина Дени Оушн (го игра Клуни) и неговата екипа го планираат својот најопасен проект - грабеж на едно познато казино во Лас Вегас, и тоа на денот на отворањето на казиното. Причината за акцијата е тоа што бескрупулозниот сопственик на казиното Вили Банк (го игра Пачино) го измамил менторот и пријателот на Дени, Рубен Тишкоф, кој завршил на болница со сериозни повреди. И покрај тоа што казиното е опремено со најсовремени безбедносни системи, Вили Банк нема никакви изгледи за заштита, имајќи ја предвид беспрекорната акција на групата.Антена, број 839, 25.7.2014, стр. 21.
Наводи
Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на Стивен Содерберг Категорија: Филмови со Џорџ Клуни Категорија: Филмови со Бред Пит Категорија: Филмови со Мет Дејмон Категорија: Филмови со Ал Пачино Категорија:Филмови од 2007 година Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Лас Вегас Категорија:Филмови поврзани со комар