Историјата на Отоманска Бугарија опфаќа период од речиси 500 години односно од османлиското освојување на малите бугарски царства произлезени од Второто Бугарско Царство во 14 век до ослободувањето на Бугарија во 1878 година по крајот на Руско-турската војна (1877-1878). Бугарските територии во рамките на османлиската административна поделба се наоѓале во Румелија во чиј состав се наоѓале неколку вилаети, секој управуван од еден санџакбег.

Владеење

Слабеењето на Второто Бугарско Царство довело до негово распаѓање на два дела: Трновско царство кое било освоено во 1395 година, и Видинско царство кое паднало по една година. По паѓањето на Бугарија под османлиска власт, населението било под притисок за прифаќање на исламот. Иако новите освојувачи тоа јавно не го барале, во текот на историјата било забележано масовно преминување во исламот во реонот на РодопитеPetrov Petar. Fateful centuries for the Bulgarian ethnicity (in Bulgarian). Sofia, 1975. Бугарската црква во 1394 година ја изгубила својата патријаршија и стапила под јурисдикција на Вселенската патријаршија.

Поради незадоволството, народот на неколкупати кревало востание и бунтови но без голем успех. Во 1408 година избувнало востание на Константин и Фружин и истото било задушено дури во 1413 година. Во 16 и 17 век најголеми востанија биле Прво трновско востание (1598), Второ трновско востание (1686), Чипровско востание (1688) итн.

Крајот на XVIII век и почетокот на XIX век во империјата започнала балканска побуна. Јаничарите од друга страна се спротивставувале на амбициите на султанот да воведе реформи во армијата. По распуштањето на јаничарскиот корпус бил воведен задолжителниот воен рок поради кое голем дел на бугарски трговци се збогатиле, биле изградени училишта, започнал да се изучува бугарскиот јазик а била прогласена и независност на бугарската црква во времето на Абдул Азис.

Бугарска преродба

Бугарската преродба претставува будење на бугарската национална свест, борба за бугарска просвета, црква и држава. Историографиjата во Бугарија до средината на XX век како зачетник на идеологиjата на бугарската преродба го смета калуѓерот Паисиj Хилендарски, кој во 1762 година го напишал првиот бугарски преродбенички текст "Историjа словенобугарска". Денешните бугарски историчари тврдат дека преродбата бил долг културно-историски процес, кој започнал во XVIII век, којшто не може да биде зависен само од една историска личностГенчев, Николай. Българско възраждане, София 1988, с. 6-7. Друг напор прави рускиот автор Јуриј Венелин, кој во 1829 година објавил книга преку која бугарските Словени ги прогласил за одделен словенски етникум - Бугари. Напорите на Венелин наишле на големо одобрување кај бугарските еминентни преродбенски кругови, кои сакале да бидат признаени на Балканот како одделен етникум. Исто така во Русија тие напори биле поддржувани од рускиот империализам, кој имал намера да создаде голема словенска православна држава со името Бугарија под нејзина контрола, преку која би излегла на Егејско Море и Босфор. Тие интереси неретко биле штетни за самите Бугари, кои Русија ја гледале како еден нов поробувач и некои од големите бугарски успеси како афирмациjата на Бугарската егзархиjа се остварени во борбата против руските интереси, кои ја поддржувале идеjата за единствена и сеопшта православна Цариградска патријаршија.

Еден од најпознатите бугарски револуционери е Васил Левски кој во 1869 развил една револуционерна теориjа, која што била решителен чекор напред за Бугарското ослободително движение. Теориjата гледала на националната ослободителна револуциjа како вооружено востание на сите Бугари во Османлиската империjа. Во 1869 година Левски се зафатил да ги организира локалните револуционерни комитети. Кон средината на 1872 тој веќе успеал да создаде една голема мрежа од комитети во бугарските градови и села, коишто биле потчинети и во постојан контакт со нелегалната бугарска влада во Ловеч. Комитетите купувале оружје, организирале вооружени чети и казнени акции против некои особено зли турски чиновници и бугарски предавници.

Револуционерни организации

десно|мини|150п|Васил Левски десно|мини|150п|Стефан Стамболов

Во текот на овој период биле основани неколку револуционерни организации како Добродетелна дружина, Таен централен бугарски комитет, Бугарски револуционерен централен комитет, Бугарско општествоНиколова, В., Куманов, М., Кратък исторически справочник на България, Издателство „Народна просвета“, С., 1983, с. 120-121, Млада Бугарија и Ѓурѓевски револуционерен комитет.

Тајниот централен бугарски комитет бил формиран по извршениот државен удар во Романија и соборувањерто на кнезот Јован Александар Куза. Новата романската влада побарала поддршка од бугарската емиграција. Како резултат на преговорите помеѓу двете страни, бил постигнат договор за заеднички активности против Османлиското Царство, бил потпишан и "Закон за света коалиција меѓу Романија и Бугарија", а во декември 1866 бил основан Тајниот централен бугарски комитет. За раководител на комитетот бил избран Иван Касабов. Комитетот имал за цел формирање на бугарска држава, а притоа се дозволувало да биде зависна од Високата порта или дел од една поширока конфедерација со соседните народи. Во 1868 година, Комитетот ја прекинал својата работа.

Бугарскиот револуционерен централен комитет (БРЦК) бил основан во 1869 година. Дел од дејци на поранешниот Таен централен бугарски комитет заедно со приврзаниците на револуционерните идеи на Георги Сава Раковски ја основале групата Млада Бугарија. Со поддршка на оваа група во 1868-1869 година Васил Левски ги презел првите две обиколки низ бугарските земји и изградбата на револуционерни комитети во нив. Во октомври 1869 година бил формиран Бугарски револуционерен централен комитет (БРЦК) во Букурешт. Љубен Каравелов бил задолжен да ја создаде првата програма на Комитетот. Во 1870 г. биле создадени два центри: надворешен и внатрешен. Првиот е со седиште во Букурешт со цел да развива револуционерна пропаганда и да ги обедини силите на бугарската емиграција на чело со Љубен Каравелов. Вториот, наречен Бугарски револуционерен централен комитет (БРЦК) за Бугарија или Привременно влада на чело од Васил Левски. Тој ги насочил своите активности во бугарските земји, каде Левски развивил неуморна активност за изградба на основите на внатрешната организација. По смрта на Васил Левски настапил нов период во работата на Комитетот. Биле преземени неколку обиди за возобнова на Внатрешната организација.

Во април 1873 година за заменик на Апостолот е одреден Атанас Узунов, но тој не успева да отствари посебна активност. Во есента, истата година, функциите на Централен комитет за внатрешноста ги презел Трновскиот револуционерен комитет. Преку соработка на Панајот Хитов, бил направен обид за воспоставување на контакт со српската влада, иако за тоа немало согласност на БРЦК во Букурешт. Како резултат на влијанието на Панајот Хитови во Револуционерната организација започнало да се наметнува повторно четническата тактика. Сепак идејата за изградба на Внатрешна организација и општо востание не е напуштена. Во август 1874 година, на иницијатива на Трновскиот и Русенскиот револуционерен комитет, во Букурешт се одржало ново Општо собрание, каде Стефан Стамболов бил избран за наследник на Левски во Бугарија.

Во раководството на самиот комитет во Букурешт заедно со Љубен Каравелов, Кирјак Цанков и други, влегува и Христо Ботев кој станал централна фигура. Функциите на ЦК во Бугарија ги презел Русенскиот револуционерен комитет. По затворање на Генералното собрание, Стефан Стамболов се префрлил Бугарија и стапил во контакт со некои од старите револуционерни комитети. На крајот на декември 1874 година помеѓу членовите на БРЦК настапило сериозно несогласување по прашањето за насоките на идната револуционерна активност, а како резултат на тоа во летото 1875 година Љубен Каравелов бил отстранет од Комитетот. Револуционерната пропаганда му била доделена на Христо Ботев. Била развиена силна дејност за негова подготовка. Од различни причини, тоа избувнало предвреме во есента 1875 година и било ограничено на територијата на Стара Загора, Шумен и Трново, познато како Старозагорско востание. Неговиот неуспех довел до нова криза во Бугарскиот револуционерен централен комитет, а како резултат на тоа Христо Ботев поднел оставка.

Набргу потоа и самиот комитет се распаднал. По распаѓањето и неуспехот на Старозагорското востание предизвикал разочарување меѓу дел од бугарската емиграција, но ситуацијата на Балканот продолжила да биде погодна за вооружени акции против Високата порта. Имајќи ги предвид сериозните политички проблеми на Османлиското Царство и продлабочувањето на Источната криза, некои од членовите на самораспуштениот Бугарски револуционерен централен комитет одлучиле да пристапат кон подготовка на ново востание во Бугарија. За таа цел тие ја изградиле во Ѓурѓевската политичка организација, во бугарската историографија позната како Ѓурѓевски револуционерен комитет. Состаноците на Ѓурѓевскиот револуционерен комитет почнале околу 11-12 ноември 1875 година и продолжиле до 25 декември. Меѓу неговите учесници се издвојувале Стефан Стамболов, Панајот Волов, Стојан Заимов, Никола Обретенов, Георги Бенковски, Иларион Драгостинов. Раководството било во рацете на Стамболов, а Заимов ја извршувал функцијата секретар. Сите ѓурѓевски дејци биле едногласни по прашањето дека во пролетта 1876 г. требало да се организира ново востание. Затоа вниманието на Комитетот било насочено кон оние прашања од кои зависела успешната подготовка на идното востанието. Ѓурѓевските дејци не ја одредиле точната дата за кревање на востанието во Бугарија. За време на своите седници тие ја назначиле потребата од поголема флексибилност и понудиле три датуми: 18 април 1 мај или 11 мај. Во текот на подготовките секој округ требало да го процени степенот на подготвеност и да одреди кога населението да се крене на востание. Конечната дата требало да се усогласи помеѓу раководителите на петте области. Планот на идното востание бил конечно завршен околу 25 декември 1875 г., по што Комитетот се самораспуштил, а одредените раководители се префрлиле преку Дунав и ја започнале напорна работа за подготовка на востанието.

Востанија right|thumb|300px|Бугарски востаници.

Старозагорското востание претставува неуспешен обид на бугарските востаници за ослободување на Бугарија од османлиска власт. На 12 август 1875 година од страна на БРКЦ било земено решение за кревање на востание. За раководител на востанието бил избран Стефан Стамболов и Никола Обретенов, а за центар на востанието - Стара Загора. Востанието било закажано за 16 септември истата година, но било собрано многу мал број на востаници. Неколку востаници успеале да побегнат, но имало и такви кои се предале на Османлиите. И покрај тоа што Старозагорското востание имало мал зафат и било доста неуспешно, сепак тоа било претходница на Априлско востание.