мини|десно|250п|Нагорен поглед на столбовите и медалјоните на павилјонот мини|десно|250п|Поглед на павилјонот од реката Славјанка и мостот „Чугуни“ Храм на пријателството () — павилјон во облик на класичен храм во Павловскиот парк во Павловск кај Санкт Петербург, Русија. Изграден е на свијок на реката Славјанка во 1781-84 г. по проект на познатиот архитект Чарлс Камерон и е посветен на пријателството.

Зданието веројатно најпрви служело како место за одржување на камерни концерти за избраното дворско друштво. При изградабата на павилјонот, Камерон во близината поставил и кујна во облик на колиба од необработени трупци.

Павилјонот е окружен со шенаесет бели зажлебени дорски столбови, во кои стои ротонда во окер боја, со бел покрив. Во горниот дел од ѕидот се ставени скулптурни медалјони. Вратата е од даб и бронза, и обично е отворена за туристи. Во летниот период во храмот се изложуваат скулптури од фондот на Павловскиот музејски парк.

Порано, во една од нишите на градбата стоела статуа на Катерина Велика како Церера. Оваа статуа е гипсена копија на бронзен оригинал на Јаков И. Рашет од 1789 г., која стоела на царскоселското „Грото“. Над нишата, ѕидот е украсен со лесени украси во штукатура.

Над вратата стои натписот „Љубовта, почитта и преданоста на првите сопственици го посветија овој храм, подарувајќи им го ова парче земја“рус. „Любовь, почтение и преданность первых Владельцев посвятили этот храм подарившей им этот участок земли“. Павилјонот изгледа особено привлечно поради отсјајот во реката Славјанка и густото зеленило во заднината.

Поврзано Павловск Чарлс Камерон Храм на пријателството (Сан Суси) Летниковец (плоштад Македонија) — слично здание во Скопје, посветено на љубовта

Белешки

Литература

Надворешни врски

Павловски музејски парк

Категорија:Згради и градби во Санкт Петербург Категорија:Паркови и отворени простори во Санкт Петербург Категорија:Павловск Категорија:Пријателство