Паломарска опсерваторија — астрономска опсерваторија во приватна сопственост, сместена во округот Сан Диего во Калифорнија, САД. Местото се наоѓа 145 км југоисточно од Лос Анџелес, во Паломарските Планини. Со неа работи Калифорнискиот технолошки институт (Калтех) во Пасадена и нејзините истражни соработници како Лабораторијата за реактивен погон (JPL) и универзитетот „Корнел“.Cornell University, Dept. of Astronomy: Palomar Observatory

Во состав на опсерваторијата работат неколку телескопи, вклучувајќи го познатиот Хејлов телескоп (5,1 м) и телескопот „Семјуел Ошин“ (1,2 м). Научниот кадар работи и со други инструменти како Паломарскиот интерферометар и историскиот Шмитов телескоп (0,46 м) од 1936 г.

Телескопи Хејлов телескоп Хејловиот телескоп има отвор од 5,1 и го носи името на астрономот Џорџ Елери Хејл. Неговата изградба е предложена во 1928 г. Конструиран е од самиот институт Калтех со средства од фондацијата „Рокфелер“. Леќата е избрусена од издржливо стакло од стакларницата „Корнинг“. Во своето време бил најголем телескоп во светот и за првпат е употребен на 26 јануари 1949 г. за NGC 2261."60th Anniversary of Hale Telescope," 365 Days of Astronomy (podcast) од страна на истакнатиот астроном Едвин Хабл, кој ја имал честа прв да работи со него.

Со Хејловиот телескоп се направени значајни откритија на далечни тела што се квазарите и дал прв непосреден доказ за ѕвездите во далечните галаксии. Со него е проучуван хемискиот состав на галактички облаци, што довело до сознанието за синтезата на елементите во вселената. Има откриено илјадници астероиди.

Други телескопи мини|десно|Телескопот „Семјуел Ошин“

„Шеесетинчен телескоп“ (1,5 м) — сместен во зградата „Оскар Мајер“. Пуштен е во 1970 г. како помошник на Хејловиот телескоп. Со овој инструмент е откриено првата ѕвезда-кафеаво џуџе. „Семјуел Ошин“ (1,2 м) — започнат во 1938 и завршен во 1948 г. Првично се нарекувал „48–инчен Шмитов телескоп“, за во 1986 г. да го добие сегашното име, во чест филантропот Семјуел Ошин. Со овој инструмент е откриена џуџестата планета Ерида. Ова откритие подоцна претставувало повод за научни расправи, што довеле до прогласувањето на Плутон за џуџеста планета. роботски телескоп (0.6 м) изработен во јануари 2006 г. наменет за следење на временските прилики на најголемата Сатурнова месечина — Титан. Се користи и за проследување на набљудувањата на сончевиот Систем направени со телескопот „Семјуел Ошин“.

Поврзано Калифорниски технолошки институт Лабораторија за реактивен погон

Наводи

Надворешни врски

Паломарска опсерваторија — Астрономски факултет на Калтех Palomar Skies — портал за новости од опсерваторијата и нејзината историја

Категорија:Опсерватории во САД Категорија:Калифорниски технолошки институт Категорија:Згради и градби во Калифорнија