мини|десно|200px|Агамемнон во претходна посета на Мудрос за време на воените дејствија во Дарданелите во 1915. Примирјето од Мудрос било потпишано на 30 октомври 1918 година со кое бил ставен крај на непријателствата меѓу Османлискта империја и Антантата. Според договорот, Османлиите го предале целото оружје на сојузниците, сојузниците добиле право да го контролираат Босфорот и Дарданелите како и право за окупирање во случај османлиските власти повторно ја нарушат безбедноста. Турската армија била целосно демобилизирана, сите пристаништа, елезнички пруги и други стратешки цели биле ставени на располагање на сојузниците. Во Кавказ Османлиите морале да се повлечат во рамките на предвоената граница меѓу Русија и империјата. По потпишување на овој договор следувала окупација на Цариград и поделба на Отоманското Царство.

Категорија:Договори на Отоманското Царство Категорија:Договори од Првата светска војна Категорија:Мировни договори на САД Категорија:Мировни договори на Франција Категорија:Мировни договори на Италија Категорија:Мировни договори на Грција Категорија:Мировни договори на Обединетото Кралство