Англија () — најголемата држава во рамките на Обединетото Кралство. Во неа живее повеќе од 83% од населението на Обединетото Кралство, и го зафаќа поголемиот дел од островот. Таа граничи со Шкотска на север и со Велс на запад.

Историјата на името Англија Англија е именувана по Англос (Стар генитив на англискиот јазик, Енгла, па оттука староанглиски - Енгла ланд/Engla Land), едно од Германските племиња верувале дека потекнуваат во Ангелн во северна Германија, кои потоа се доселиле во Англија во 5 и 6 век. Оттука доаѓа и латинското име Англија/Anglia. На почетокот Англија била географски термин но не и држава, сè додека одделните кралства се обединиле под кралот Васекс во 10 век. На кратко обединета Англија потпаднала и под Данска власт под кралот Кнут, а потоа се одметнала и прогласила независност, пред повторно да е освоена од Војводата од Нормандија во 1066.

Политика Седиштето на владата и на кралското семејство се наоѓа во Лондон. За разлика од Шкотска, Велс или Северна Ирска, Англија нема ни свој парламент ни своја влада. Нивната улога ја презеле Парламентот и централната Влада. При тоа е вообичаено за прашања кои директно ја засегаат Англија, делегатите од другите земји не гласаат во парламентот.

Хералдика Англиското знаме, познато и како Крстот на Св. Ѓорѓија, претставува црвен крст на бела основа.

Другиот хералдички симбол е тудорската роза и три лава.

Административна поделба

39 историски грофови (англ. Counties)

Тие 39 историски грофови постојат од доцниот среден век. Од половината на 20 век, грофовите имаат улога како административни подрачја, кои неколкупати се реорганизирани.

Современа административна поделба

Во текот на 20 век, административната поделба е делумно прилагодена на новонастанатите големи градови. На тој начин се променуваат и границите на наведените 39 историски грофови. Така на пример во 1965 се создава административен центар - Голем Лондон. Видете: Церемонијални англиски грофовии

Англија се дели и на региони. За поподробно, видете: Региони во Англија

Поголеми градови во Англија (во илјади) Лондон (7 1729) Бирмингем (977) Лидс (715) Шефилд (513) Брадфорд (468) Ливерпул (439) Манчестер (393) Кирклис (389) Бристол (381) Вејкфилд (315) Вирал (312) Дудлеј (305) Виган (301) Ковентри (301) Донкастер (287) Стокпорт (285) Сефтон (283) Сендвел (283) Сандерленд (281) Лестер (279) Нотингем (266) Болтон (261) Њукасл (260) Велсал (253) Ротерам (248) Кингстон (244) Стоук (241) Плимут (240) Вулверхемптон (237) Дерби (222) Барнсли (218) Саутемптон (217) Олдхам (217) Солфорд (216) Тејмсајд (213) Трафорд (210) Милтон Кејнс (210) Рочдал (205) Солихул (200)

Англија како тема во уметноста и во популарната култура „На одреден остров“ — песна на аргентинскиот писател Хорхе Луис Борхес.Horhe Luis Borhes, Šifra. Beograd: Paidea, 2012, стр. 84-85. „Седумнаесет отруени Англичани“ - расказ на колумбискиот писател Габриел Гарсија Маркес Габриел Гарсија Маркес, Дванаесет искушенија. Скопје: Три, 2008. „Англија“ (англиски: England) — песна на британската панк-рок група Адиктс (The Adicts) од 1981 година.DISCOGS, The Adicts – Songs Of Praise (пристапено на 16.4.2022) „Нова Англија“ (англиски: New England) - песна на британскиот рок-музичар Били Брег (Billy Bragg) од 1983 година.YouTube, Billy Bragg New England (пристапено на 30.8.2017) „Нешто за Англија“ (англиски: Something About England) - песна на британската рок-група Клеш (The Clash) од 1980 година.DISCOGS, The Clash ‎– Sandinista! (пристапено на 10.6.2020) „Нека се тресе Англија“ (англиски: Let England Shake) - песна од истоимениот музички албум на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година.DISCOGS, PJ Harvey ‎– Let England Shake (пристапено на 3.4.2021) „Англија“ (England) - песна на британската рок-музичарка ПЈ Харви (PJ Harvey) од 2011 година. „Америка и Англија (Ќе биде земја пролетерска)“ (Amerika I Engleska (Biće Zemlja Proleterska)) - песна на црногорскиот музичар Рамбо Амадеус од 1989 година.DISCOGS, Rambo Amadeus ‎– Hoćemo Gusle! (пристапено на 25.8.2019) „Англиските градови“ (англиски: English Towns) — песна на британската рок-група Стренглерс (The Stranglers) од 1977 година.DISCOGS, The Stranglers ‎– No More Heroes (пристапено на 4.5.2021) „Англиска шема“ (англиски: English Scheme) - песна на британската рок-група Фол (The Fall) од 1980 година.YouTube, The Fall - Grotesque (full album) (пристапено на 29.6.2017) „Продавајќи ја Англија за една фунта“ (англиски: Selling England by the Pound) - албум на британската рок-група Џенезис (Genesis) од 1973 година.DISCOGS, Genesis ‎– Selling England By The Pound (пристапено на 21.11.2020)

Поврзано Географија на Англија Демографија на Англија

Наводи

Категорија:Обединето Кралство

Категорија:Островски земји