ФК Вест Бромвич Албион (на англиски: West Bromich Albion F.C.), (познат уште како Вест Бром, Албион и В.Б.А.) е професионален англиски фудбалски клуб од Вест Мидланс, кој моментално се натпреварува во Премиер лигата.

Клубот е формиран во 1878 година од работници во „Салтерс Спринг Воркс“. Вест Бромвич само еднаш досега бил шампион на Англија во сезоната 1919-20, а исто така имаат пет трофеи во ФА Купот.

Своите домаќински натпревари ги играат на Стадионот Хоторнс уште од 1900 година, кој има капацитет од 26,445. Традиционалните бои на клубот се темносината и белата. Најголеми соперници на Вест Бром му се соседите од Бирмингем, екипата на Астон Вила, но голем број од навивачите на клубот за главен соперник го сметаат Вулверхемптон Вондерерс против кој играат во Black Country derby.

Титули Првак на Англија (1) : 1919-20 ФА Куп (5) : 1888, 1892, 1931, 1954, 1968 Лига куп (3) : 1966 ФА Комјунити Шилд (2) : 1920, 1954 (го дели со Вулверхемтон)

Играчи Моментален состав Од 10 август 2017 година

Наводи

Надворешни врски West Bromwich Albion F.C. Официјална страна Настани поврзани со Вест Бромвич Албион

Вест Бромвич Албион