Благој Стефановски Баге (роден во Битола на , починал на ) — македонски политичар.
Животопис Дипломирал на отсекот за драмски глумци на Факултетот за драмски уметности во 1975 година. Добро знае руски јазик, а се служи и со англиски. Од 1975 до 1980 година бил директор на Битолскиот народен театар. Бил претседател на Фестивалот „Браќа Манаки”, претседател на Советот и селектор на драмската програма на Фестивалот „Охридско лето” и претседател на Фестивалот „Војдан Чернодрински”.
Од 1994 до 1998 година бил пратеник во Собранието на Република Македонија. Од 1 ноември 2002 година до 6 јули 2006 ја извршува функцијата министер за култура.
Награди Во 2019 година доделена му е наградата „4 Ноември“ за животно дело.
Наводи
Категорија:Политичари од Битола Категорија:Министри за култура на Република Македонија Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2002 Категорија:Состав на Владата на Република Македонија од 2004 Категорија:Политичари од СДСМ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Апсолвенти на Факултетот за драмски уметности - Скопје