Омега (кирилица: ; глаголица: 14px) била буква во старословенското писмо, која доаѓа од грчката омега (Ω, ω). Овие рани букви се нарекуваат „архаични букви“.
мини|лево|Насловната страна на книгата Ѡгледало (1814) од Кирил Пејчиновиќ|260x260пкс За разлика од грчкиот јазик, словенските јазици имаат само еден глас /o/, така што омега се користела поретко во споредба со буквата О (О о), која што потекнува од грчката буква омикрон. Во постарите ракописи со уставно писмо, омега главно се пишувала поради нејзината нумеричка вредност, за бележење на бројот 800, и ретко се јавува дури и кај зборови со грчко потекло. Во подоцнежните ракописи со полууставно писмо се користела како декоративна буква.
Во руската азбука се користела до почетокот на 18 век. Постепено била отстранета и заменета со буквата О за време на правописната реформа иницирана од Петар Велики во 1708 година.
Поврзано Округла омега