Тилда Свинтон (англиски: Katherine Matilda Swinton; р. Лондон, 5 ноември 1960) — британска филмска глумица. мини|Свинтон на филмскиот фестивал „Санденс“, во 2005 г. Животопис мини|лево|Свинтон на филмскиот фестивал во Единбург, во 2007 г. Според нејзиното признание, додека живеела во Лондон, неколку години се издржувала од парите кои ги заработувала од обложување на коњски трки. За време на снимањето на филмот „Само љубовниците преживуваат“, Свинтон преживувала тешки мигови, зашто во меѓувреме се разболела и починла нејзината мајка. Според таблоидите, Свинтон живее во полигмна врска со двајца мажи, но таа го демантирала тоа, иако признала дека во нејзиниот живот има двајца мажи: Џон Брн, таткото на нејзините близнаци Ксавиер и Онор, додека таа живее со децата и со партнерот Сандро Куп. Во 2014 година, магазинот „Џи кју“ ја избрал Свинтон за жена на годината.Наташа Спирова, „Да не станев глумица, ќе бев коцкар“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 11. Филмска кариера мини|лево|Свинтон на филмскито фестивал во Венеција, во 2009 г. Во 2007 година, Свинтон ја добила наградата „Оскар“ за улогата на адвокатката Карен Краудер во филмот „Мајкл Клејтон“. Позначајни улоги на Свинтон се и: вампирката Ив во филмот на Џим Џармуш „Само љубовниците преживуваат“; злобната Мејсон во филмот на Понг Џун Хо „Мразокршач“; и улогата на Мадам Д. во филмот на Вес Андерсон „Гранд хотел Будимпешта“.

Наводи

Категорија:Британски глумици Категорија:Родени во 1960 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Апсолвенти на Кембричкиот универзитет