Европска ракометна федерација (, EHF или ЕХФ) — раководен орган на ракометот во Европа. Основана е во 1991 г. со седиште во Виена, Австрија и брои 50 федерации-членки и две вонредни федерации (Англија и Шкотска). Тековен претседател е Жан Брио (на служба до 2016 г), а генерален секретар е Михаел Видерер.
Историјат
ЕХФ е основана на 17 ноември 1991 г. во Берлин, Германија, но на првиот собир одржан на 5 јуни 1992 г. е одлучено седиштето на организацијата да биде во Виена, Австрија со почеток од 1 септември истата година. Во 2012 г. федерацијата одбележала јубилејни 20 години од своето постоење. Во прво време во неа членувале 29 земји, но денес тој број се има накачено на 49 земји. Федерацијата ги застапува своите членови и во развојот на спортот — како за препознавање надарени играчи, така и деловниот развој на спортот. Најголеми извори на приходи за ЕХФ се првенствата кои ги организира, додека пак за најпривлечни за нови играчи и љубители се сметаат училишните ракометни натпревари и ракометот на песок.
Првенства Европски првенства Европско првенство во ракомет за мажи Европско првенство во ракомет за жени Европско јуниорско првенство во машка конкуренција Европско јуниорско првенство во женска конкуренција Европско младинско првенство во машка конкуренција Европско младинско првенство во женска конкуренција
Машки клупски турнири Лига на шампиони во ракомет Ракометен куп Куп на победниците на Ракометниот куп Предизвикувачки ракометен куп
Женски клупски турнири Лига на шампиони во ракомет за жени Ракометен куп за жени Куп на победниците на Ракометниот куп за жени Предизвикувачки ракометен куп за жени
Прваци Турнир Мажи Жени Јуниори (М) Јуниори (Ж) Младинци (М) Младинци (Ж)Европско првенство (2014) (2014) (2014) (2013) (2014) (2013) Ракомет на песок Мажи Жени Ракомет на песок (2013) (2013)
Членки
Вонредни федерации
Поврзано Ракометна федерација на Македонија Меѓународна ракометна федерација
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Ракометни организации Категорија:Спортски организации во Европа Категорија:Меѓународни спортски организации