Коалиција на радикалната левица (; позната и како СИРИЗА) — политичка партија од Грција.
Основање СИРИЗА е формално основана пред парламентарните избори во 2004 година, меѓутоа коалицијата влече корени од организацијата Простор за дијалог за единство и заедничка акција на левицата () која е основана во 2001. „Простор“ бил составен од различни организации на левицата, кои покрај идеолошките разлики, имале заеднички погледи на неколку најважни прашања како што се:
спротивставување на неолибералните реформи на пензискиот и социјалниот систем на осигурување; спротивставување на новите антитерористички закони; подготвување за грчко учество на демонстрациите во текот на Самитот Г8 во Џенова 2001 година.Overcoming division , Георгес Митралиас, јуни 2001.
Поголемиот број членови на „Простор“ работеле на развивање на заедничка платформа која би довела до формирање предизборна коалиција. СИРИЗА е формирана во јануари 2004 година. Партиите кои ја основале коалицијата се: Синаспизмос (СИН); Обновена комунистичка еколошка левица (АКОА); Интернационална работничка левица (ДЕА); Движење за заедничка акција на левицата (КЕДА); Активни граѓани; останатите независни левичарски групи и активисти.
Наводи
Категорија:Политички партии во Грција Категорија:Социјализам во Грција Категорија:Комунизмот во Грција Категорија:Социјалистички партии во Грција Категорија:Евроскептицизам во Грција