Лунден () — општина во округот Дитмаршен, во Шлезвиг-Холштајн, Германија. Се наоѓа на реката Ајдер, околу 16 километри северно од Хајде.

Општината претставувала административно седиште на поранешната истоимена Црковна парохиска општина.

Историја

Првите пишани документи за Лунден потекнуваат од 1140 година од архиепископот на Бремен. Името на местото веројатно доаѓа од данскиот збор „Lunn“ (остров) или „Lund“ (мала шума).

На 27 февруари 1529 година од Националното собрание на Дитмаршен, Лунден добил градски права. Во 1559 година, откако пропаднала селската република Дитмаршен, ова право го загубил.

Наводи

Надворешни врски

Страница за општината на општинската заедница Ајдер

Категорија:Дитмаршен Категорија:Општини во Шлезвиг-Холштајн