Вараждин — град во cеверниот дел на Хрватска, близу границата со Словенија. Претставува административно седиште на Вараждинската жупанија на 81 километар северно од Загреб.
Историја мини|лево|Стариот град Во 1756 година, Францис Надасди го избра Вараждин за свое живеалиште и градот стана главно место во Хрватска. Тука беше хрватскиот Сабор и кралскиот хрватски совет основан од царицата Марија Тереза.
Периодот на реформацијата и контра-реформацијата имаа големо влијание врз Вараждин. Со доаѓањето на Јесуитите, беше изградена гимназијата, а црквите и другите згради беа градени во барокен стил. Во 18 век Вараждин беше седиште на многу благородници и во 1756 тој стана административен центар на Хрватска. Пожарот во 1776 уништи поголем дел од градот, а тоа резултира со преселба на сите институции во Загреб.
Вараждин беше седиште на Вараждинската област во рамките на Австроунгарија.
Во 19 век градот беше комплетно изграден и проширен, со фабрики и трговски центри. Беа основани и театар, музичко училиште и противпожарна служба.
Во 20 век Вараждин прерасна во индустриски центар на Северозападна Хрватска. Во војната за независност на Хрватска, Вараждин страдаше само неколку дена, бидејќи големата ЈНА брзо се предаде, резултирајќи минимални жртви и штета.
Категорија:Градови во Хрватска Категорија:Населени места во Вараждинската жупанија