Серско Поле () — рамница во Егејска Македонија, денес во Грција.

Има облик на издолжен паралелограм и се простира од северозапад кон југоисток во должина од 70-80 км и ширина од 15-20 км. Од северозапад полето е заградено од планината Беласица, од југоисток од Кушница. На исток од полето се наоѓаат планините Круша и Богданска Планина, а на североисток е Пирин. Серското Поле е познато по својата плодност.Кънчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Пътни бележки, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 36. Почвата в полето е песоклива глина, богата со црница. Водоснабденоста е мошне добра бидејќи подземните води насекаде излегуваат плитко на површината.Кънчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Пътни бележки, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 37.

Низ Серското Поле дува северниот рупелски ветар од Рупелската Клисура.

Во Серското Поле се одгледуваат голем број култури, како што се јачменот, пченката, памукот, пченицата, просото, гравот, наутот, леќата, сусамот, анасонот, дињата, лубеницата, грашокот, компирот, кромидот, лукот, конопот, ленот, цвеклото, маслинката, бадемите, оризот и други. Сточарството е застапено со овци, кози, крави и други животни.Η ΑΓΡΟΤΙΚΗ ΟΙΚΟΝΟΜΙΑ ΤΩΝ ΣΕΡΡΩΝ Од културите најмногу се работи со ’рж, сусам, пченица и памук, а потоа со јачмен и, многу ретко, со просо. Најважна култура во Серското Поле е памукот, кој тука се произведува во најголеми количества на целиот Балкански Полуостров. Голем дел од приносот на памук, жито и ’рж оди за извоз. Во јужните краишта на полето се одгледува и тутун.

Во далечното минато, Серското Поле било на дното на поголемо езеро, кое со времето си го пробивало патот помеѓу Карадаг и Кушница и се излеало во Егејското Море. Од тоа големо езеро во длабоките места на полето останале две езера — Бутковското Езеро во северниот дел на полето и Тахинското Езеро во јужниот.Кънчов, Васил. Битолско, Преспа и Охридско. Пътни бележки, Избрани произведения. Том I. Издателство „Наука и изкуство“, София 1970, стр. 36-37. Езерото е пресушено од грчките власти во XX век.

Во антиката Серското Поле се нарекувало Одомантско Поле.Исторически паметници по времето на заверата, БАН, София, 1893, стр. 63.

Поврзано Сер (округ) Шарлија Сминица Бутковско Езеро

Наводи

Категорија:Низини во Егејска Македонија Категорија:Сер (округ)