Карл Оскар Јохан Левицки (роден на 14 јули 1992 во Малме) — шведски фудбалер, играч од средниот ред на Малме и на шведската репрезентација.

Кариера Баерн Минхен Левицки му се приклучил на Бајерн Минхен на 16 годишна возраст од клубот од неговиот роден град Малме во 2008 година и ја продолжил својата кариера во младински сектор. Тој за првпат бил вклучен во резервниот тим на Баерн кон крајот на сезоната 2009-10 и се појавува како неискористена замена во голем број на натпревари кон крајот на сезоната. Тој го направил своето деби во почетокот на следната сезона во поразот со 4-1 пораз од Кикерс Офенбах и направил 33 настапи за вториот тим на Баерн Минхен, кој отпаднал од 3. Лига таа сезона. На Левицки му бил понуден про-договор со првиот тим, но тој го одбил и во јуни 2011 година станал слободен играч.

Хекен И покрај напорите на ФК Бајерн Минхен кои сакале повторно да потпишат договор со Левицки, тој избрал се врати во Шведска и да и се приклучи на екипата на Хекен во август 2011 година, потпишувајќи договор во трајност до 2014 година. Главната причина поради која го сменил клубот била недостатокот на минути за првиот тим на Баерн во блиска иднина. Во првата сезона во Хекен не направил ниту еден настап за првиот тим. Своето деби го направил на почетокот на следната сезона на 31 март 2012, играјќи го целиот натпревар во ремито без голови на гостувањето кај ГАИС. На 1 ноември 2012, го постигнал својот прв гол за Хекен во ремито 1-1 на домашен терен против АИК. Левицки поминал четири сезони во Хекен пред да си замине од клубот по истекувањето на неговиот договор во 2014 година.

Малме На 13 ноември 2014 година, првиот клуб на Левицки Малме објавил дека тој се враќа во клубот откако потпишал три-годишен договор. Трансферот официјално бил потврден на 8 јануари 2015 година.

Титули Шведска репрезентација Европско првенство за играчи под 21 година (1) : 2015.

Надворешни врски

Оскар Левицки на soccerway Оскар Левицки на transfermarkt Оскар Левицки на espn Оскар Левицки на whosocered

Наводи

Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на ФК Малме Категорија:Родени во 1992 година