Џенинг Франклин Јанг ( - 18 октомври 2025) исто така познат како Јанг Зенинг — кинеско-американски физичар кој работи на статистичка механика и честична физика. Тој и Ли Џенгдао ја добиле Нобеловата награда за физика во 1957 за нивната работа на паритетната неконзервација на слабото заемодејство. Двајцата експериментално докажале дека еден од основните квантномеханички закони, конзервацијата на паритетот, е поништен во т.н. слаби јадрени реакции, тие јадрени процеси кои резултираат во емитувањето на бета или алфа честичките.
Животопис Јанг е роден во Хефеј, Анхуеј, Кина. Неговиот татко, Јанг Вучих (楊武之) (1896–1973), бил математичар, а неговата мајка, Лу Менгхуа (羅孟華), била домаќинка. Јанг посетувал основно и средно училиште во Пекинг, а есента 1937 неговото семејство се преселило во Хефеј по јапонската окупација над Кина. Во 1938 се преселиле во Куенминг, Јунан, каде се наоѓал Линдскиот универзитет. Истата година, како студент во втора година, Јанг ги поминал пријавните испити и студирал во Линдскиот универзитет. Ја добил професорската диплома во 1942, со неговата теза за примена на групна теорија на молекуларни спектри, под надзор на Тају Ву. Тој таму продолжил да студира постдипломски курсеви две години под надзор на Ванг Жукси, работејќи на статичка механика. Во 1944 магистрирал во Цинхујскиот универзитет, кој се преместил во Куенминг за време на Кинеско-Јапонската војна (1937-1945), а подоцна бил награден со стипендија формирана од страна на владата на САД употребувајќи дел од парите кои Кина била приморана да ги плати по Боксерското востание. Било одложено една година, период во кој Јанг предавал во средно училиште како професор и студирал теорија на поле.
Од 1946, Јанг студирал со Едвард Телер (1908–2003) во Чикашкиот универзитет една година како асистент на Енрико Ферми. Во 1949 бил поканет да истражува во институтот за напредни студии во Принстон, Њу Џерси, каде започнал период на плодна соработка со Ли Џенгдао. Тој станал постојан член на институтот во 1952 и професор во 1955. Во 1963, Princeton University Press го објавил неговиот учебник, „Елементарни честички“. Во 1965 се преселил во Њујоршкиот државен универзитет во Стони Брук, каде што бил наречен „Алберт Ајнштајнов професор по физика“ и прв директор на новосоздадениот институт за теориска физика. Денеска институтот е познат како „Џенинг Јангов институт за теориска физика“.
Се пензионирал од Стони Брук во 1999, задржувајќи ја титулата на почитуван професор. Во 2010, Стони Брук во чест на придонесот на Јанг за универзитетот, најновата градба, интернат, е именувана „C. N. Yang Hall“.
Тој бил избран за член на американското друштво на физичари, Кинеската академија на науки, Синикаската академија, Руската академија на науки и Кралското друштво. Тој бил награден со почесна докторатска диплома од Принстонскиот универзитет (1958), Московскиот државен универзитет (1992) и Кинескиот универзитет во Хонгконг (1997).
Јанг ја посетил територијата на Кина во 1971 за првпат по затоплувањето на кинеско-американските односи и вложил големи напори во помагањето на кинеската заедница на физичари за повторна изградба на истражната атмосфера која била уништена од радикалните политички движења за време на Културната револуција. По пензионирање од универзитетот во Стони Брук се вратил како почесен директор во Цинхујскиот универзитет, Пекинг, каде тој е професор на Хуанг Јибејлу Каикун во центарот за напредни студии (CASTU). Тој е исто така на чело на судискиот одбор за Шавовата награда и е познат професор во Кинескиот универзитет во Хонгконг.
Личен живот Јанг во 1950 се оженил со Чили Ту (), професорка. Заедно имаат два сина и една ќерка, Франклин Џуниор, Гилберт и Јули. Таткото на неговата жена, Ду Јуминг бил куоминтангски армиски генерал кој бил воен заробеник на крајот на кинеската граѓанска војна. Неговата првата жена Ту починала зимата 2003. Јанг се оженил со дваесет и осум годишната Венг Фан (), во декември 2004.
Јанг станал американски државјанин во 1964. Сега тој престојува во Кина, а има добиено дозвола за постојан престој во Кина во 2005.
Околу религиозното гледиште на Јанг, тој е агностик.
Награди Нобелова награда за физика (1957) Румфордова награда (1980) Национален научен медал (1986) Оскар Клејново меморијално предавање и медал (1988) Бенџамин Франклинов медал на Американското друштво на филозофи (1993) Боверова награда (1994) Алберт Ајнштајнов медал (1995) Ларс Онзагерова награда (1999) Меѓународна награда на кралот Фајсал (2001)
Поврзано Јанг-Милсова теорија Јанг-Бакстерова равенка Ли-Јангова теорема Ву-Јангов монопол
Наводи
Lee, T. D. and C. N. Yang. "Elementary Particles and Weak Interactions," Брукхејвенска национална лабораторија (BNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (1957). Yang, C. N. "The Many Body Problem. Physics Monographs No. 6," Rio de Janeiro. Centro Brasileiro de Pesquisas Fisicas, (1960).
Yang, C. N. "Mathematical Deductions from Some Rules Concerning High-Energy Total Cross Sections," Брукхејвенска национална лабораторија (BNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (1962). Yang, C. N. "Symmetry Principles In Physics. Brookhaven Lecture Series Number 50," Брукхејвенска национална лабораторија (BNL), United States Department of Energy (through predecessor agency the Atomic Energy Commission), (October 13, 1965).
Надворешни врски Professor Chen Ning Yang (почетна страница - Institute for Advanced Study in Tsinghua University) Chen Ning Yang (почетна страница - State University of New York at Stony Brook) C.N. Yang's Home Page (почетна страница - The Chinese University of Hong Kong) Nobel biography Symmetries and Reflections (Јангов пензионерски симпозиум во Stony Brook University) The CN Yang Scholars Programme во Nanyang Technological University , Сингапур
Biography and Bibliographic Resources, од Office of Scientific and Technical Information, United States Department of Energy
Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Починати во 2025 година Категорија:Американски нобеловци Категорија:Американски физичари Категорија:Кинески нобеловци Категорија:Кинески физичари Категорија:Честични физичари Категорија:Теориски физичари Категорија:Странски членови на Кралското друштво Категорија:Носители на Националниот научен медал Категорија:Добитници на Нобеловата награда за физика Категорија:Членови на Националната академија на науките на САД Категорија:Членови на Американското физичко друштво Категорија:Апсолвенти на Чикашкиот универзитет Категорија:Странски членови на Руската академија на науките Категорија:Членови на Полската академија на науките Категорија:Членови на Папската академија на науките Категорија:Членови на Бразилската академија на науките Категорија:Членови на Кинеската академија на науките Категорија:Странски членови на Кинеската академија на науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво