Биксант Лизаразу (роден на 9 декември 1969 година, во Сен-Жан-де-Лјуз) — поранешен француски фудбалер, играч од одбраната.

Тој играл низ целата своја кариера на позицијата лев бек, а настапувал за екипите на Бордо, Атлетик Билбао, Бајерн Минхен и Олимпик Марсеј. Тој, исто така, настапувал за француската репрезентација со која станал Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000.

Кариера Клупска кариера Роден во Сен-Жан-де-Лјуз, град во јужниот дел на Франција кој е дел од баскиската провинција Лапурдија, Лизаразу започнал да игра фудбал во Бордо, каде станал професионалец во сезоната 1988-1989 и останал во клубот до 1996. Со тимот од Жиронда ја освоил Лига 2 во 1992 година, а токму тогаш францускиот клуб стигнал до врвот на европскиот фудбал со елиминирањето на Милан во Купот на УЕФА во 1996 година, стигнувајќи подоцна до финалето, каде загубиле од Бајерн Минхен.

По завршувањето на таа сезона Лизаразу преминал во Атлетик Билбао, кој историски отсекогаш имал играчи само од Баскија, односно баскиско потекло.

Меѓутоа, во Шпанија немал многу среќа и одиграл само 16 натпревари, за на крајот од сезоната да се пресели во Бајерн Минхен, тимот во којшто останал 10 сезони, освен за краток период кога се вратил во Франција во Олимпик Марсеј во почетокот на сезоната 2004-2005. Со Баварците бил еден од главните ликови на неверојатната серија на успеси: 6 национални титули, 5 Купа на Германија и четири Лига купа, а на меѓународно ниво: Лигата на шампионите во 2001 и Интерконтиненталниот куп истата година. Во финалето на Лигата на шампионите во 2001 кога Бајерн ја победил Валенсија на пенали, и тој бил еден од изведувачите кој погодиле.

Се повлекол од фудбалот во 2006 година, откако ја освоил шестата титула со Бајерн. Вкупно за Бајерн одиграл 240 натпревари и постигнал 9 гола во Бундеслигата.

Репрезентативна кариера Лизаразу има 97 настапи за француската репрезентација во периодот помеѓу 1992 и 2004 постигнувајќи 2 гола. Своето деби го направил на 14 ноември 1992, против Финска. Со триколорите бил Светски првак во 1998 и Европски првак во 2000, како и победник на Купот на Конфедерации во 2001 година и 2003 година.

Титули Клупски Бордо Лига 2 (1) : 1991-1992. Интертото куп (1): 1995. Бајерн Минхен Бундеслига (6) : 1998-1999, 1999-2000, 2000-2001, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006. Куп на Германија (5) : 1997-1998, 1999-2000, 2002-2003, 2004-2005, 2005-2006. Лига куп на Германија (5) : 1997, 1998, 1999, 2000, 2004. УЕФА Лига на шампиони (1) : 2000–2001. Интерконтинентален куп (1) : 2001.

Ререзентативни ФИФА Светско Првенство (1) : 1998. УЕФА Европско првенство (1) : 2000. ФИФА Куп на Конфедерации (2) : 2001, 2003.

Наводи

Надворешни врски

Биксант Лизаразу на transfermarkt Биксант Лизаразу на soccerway Биксант Лизарзау на espn Репрезентативна статистика на RSSSF.com

Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Атлетик Билбао Категорија:Фудбалери на ФК Бајерн Минхен Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на Светско првенство 1998 Категорија:Витези на Легијата на честа Категорија:Родени во 1969 година