Омар Фраиле Матаранза (; р. ) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .

Тој е етапен победник на големите трки Тур де Франс и Џиро д’Италија и бил двократен победник на планинскиот пласман на Вуелта а Еспања.

Кариера Каха Рурал (2013-2015)

Возел на Светското друмско првенство. На 26 април 2015 година, Фраиле го освоил Џиро дел’Апенино од мала група на возачи, претекнувајќи ги Стефано Пираци и Дамијано Кунего. Оваа победа била прва професионална победа за Омар. Подоцна истата година, Фраиле ја освоил четвртата етапа на Четири дена Динкерк. Возел на Вуелта а Еспања 2015 каде го освоил планинскиот пласман, со правење навремени бегства со цел да освои бодови за пласманот.

Тим Дименжн Дата (2016-2017) 2016

Подоцна, објавиле дека Фраиле ќе биде дел од нивната екипа за сезоната 2016. Бил именуван во почетниот состав за Џиро д’Италија 2016, но ја напуштил трката на петтата етапа. Меѓутоа пред да ја напушти трката, Фраиле успеал да ја носи маичката во планинскиот пласман на третата етапа откако собрал доволно бодови на претходната етапа. Потоа, Фраиле го освоил планинскиот пласман на Вуелта а Бургос. На крајот возел на Вуелта а Еспања, каде го освоил планинскиот пласман уште еднаш.

2017

Една недела пред да вози на Џиро д’Италија, Фраиле завршил втор на последната етапа на Тур де Јоркшир и втор во генералниот пласман. На единаесеттата етапа на Џиро д’Италија, Фраиле направил бегство и ја освоил етапата во спринтерска завршница меѓу членовите на бегството. Успеал да освои доволно бодови во планинскиот пласман поради што ја носел водечката маичка два дена, за подоцна да ја изгуби.

Астана (2018-денес) 2018

На Париз-Ница, Фраиле завршил втор на последната етапа зад Давид де ла Крус во спринтот. Меѓутоа, еден месец подоцна се одмаздил со победа на петтата етапа на Трката околу Баскија. На крајот на април, Фраиле го освоил масовниот спринт на првата етапа на Тур де Романди. Фраиле завршил трет на националното друмско првенство.

Во јули 2018 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2018. Ја освоил четиринаесеттата етапа на трката. На крајот завршил на 57. место во генералниот пласман.

На 4 август 2018 година, Фраиле настапил на Класика де Сан Себастијан и завршил на 24. место, 52 секунди зад победникот Жилијан Алафилип.

Достигнувања

2013 10. Гран при де Плимелек-Морбијан 2015 Вуелта а Еспања 1. 20п Планински пласман 20п Награда за борбеност на етапите 3 и 9 1. 20п Планински пласман Трка околу Баскија 1. Џиро дел’Апенино 1. Етапа 4 Четири дена Динкерк 4. Класик Лоар Атлантик 10. Краен пласман Вуелта а Астурија 2016 Вуелта а Еспања 1. 20п Планински пласман 20п Награда за борбеност на етапа 6 1. 20п Планински пласман Вуелта а Бургос 7. Гран Премио ди Лугано 2017 1. Етапа 11 Џиро д’Италија 2. Краен пласман Тур де Јоркшир 20п Награда за борбеност на етапа 12 на Вуелта а Еспања 2018 1. Етапа 14 Тур де Франс 1. Етапа 1 Тур де Романди 1. Етапа 5 Трка околу Баскија 3. Национално друмско првенство 20п Награда за борбеност на етапа 17 на Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2015 2016 2017 2018 20п Џиро—СО65— 20п Тур———57 20п Вуелта8869СО63

СО = се откажал; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1990 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански велосипедисти Категорија:Шпански етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Шпански етапни победници на Тур де Франс Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2020