Сливница () — село во Горноџумајско, Пиринска Македонија, во состав на денешната Општина Кресна на Благоевградската област, југозападна Бугарија.Guide Bulgaria, Accessed May 5, 2010
Историја Отоманско Царство Во текот на XIX век, селото било во составот на Петричката каза на Серскиот Санџак на Отоманското Царство.
Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Сивница (Sivnitsa) имало 23 домаќинства со 52 муслимани.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 155 жители, сите Турци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 188.
Бугарија
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија.
На 30 декември 2015 г селото Будилци било припоено кон Сливница.Решение на Министерски съвет № 993 от 18 декември 2015 г. Обн. ДВ. бр. 103 от 30 декември 2015 г.
Географија Селото Сливница се наоѓа во планинска област. Се наоѓа на околу 3 км јужно од центарот на градот Кресна и приближно 37 км јужно од центарот на градот Благоевград.
Атарот на селото на исток се граничи со коритото на реката Струма, на север со Добромирска река, на запад со границата со Македонија и на југ со Сулево Дере.
Население
+Население на Сливница по попис Година 1934 1946 1956 1965 1975 1985 1992 2001 2011 Жители 98 209 303 646 700 680 687 623 599
+Население по возраст од 2011 година:
Според пописот на населението од 2011 година, етничкиот состав на селото е следниот:
Број на население Вкупно 599Бугари 582Турци -Роми -Останати -Не се определиле - Без одговор 13 Наводи
Категорија:Општина Кресна Категорија:Села во Пиринска Македонија