https://twitter.com/paudybala_jr Твитер профил на Пауло Дибала

Пауло Бруно Ексекиел Дибала (роден на 15 ноември 1993 во Лагуна Ларга) е аргентински фудбалер, напаѓач на Рома и на аргентинската репрезентација.

Биографија Во Аргентина, тој бил наречен La Joya (превод на мак. скапоцен камен). ¡Joya en la mira! El Benfica sigue al joven Dybala Foxsportsla.com La joya que tienta lmcordoba.com.ar Los maestros de la “joya” lmcordoba.com.ar "La Joya está bien" ole.com.ar

Неговиот дедо Болеслав Дибала е по потекло од Полска; Paulo Dybala - "nowy Messi" z polskimi korzeniami sport.onet.pl додека неговото семејство, исто така, има италијанско потекло.Scatta il raduno rosanero: 25 convocati. Assente giustificato il talento Dybala corrieredelmezzogiorno.corriere.it Благодарение на мајката на неговата баба, му било дозволено да добие италијанско државјанство на 13 август 2012 година.

Од летото 2018 година е во врска со аргентинската актерка и пејачка Ориана Сабатини.

Технички карактеристики Брз, креативен, елегантен и агилен играч, со одлични технички квалитети и низок центар на гравитација, познат по моќен и прецизен удари надвор од шеснаесетникот, дриблинг, и добра контрола над топката на мал простор.. Дибала е способен и да создава шанси за соиграчите, но и самиот да постигнува голови, поради неговата визија, додавања, игра за поврзување и способноста да падне длабоко и да игра со другите играчи, како и неговото моќно и прецизно удирање топка. способност од внатре и надвор од областа. Дибала е способен и да создава шанси за соиграчите, но и самиот да постигнува голови, поради неговата визија, додавања, способност да одигра двојно додавање со другите играчи, како и неговиот моќен и прецизен удар со неговата лева нога од внатре и однадвор од шеснаесеттникот.

Дибала е разновиден напаѓач, способен да игра на која било офанзивна позиција: кариерата ја започнал како лево крило во Институто во Аргентина, но откако се преселил во Италија, бил распореден во различни напаѓачки улоги, вклучително и како главен напаѓач, како втор напаѓач, како офанзивен играч за врска, во слободна улога како плејмејкер, како десно крило, и како лажна деветка. Неговиот стил на игра и технички одлики му носат споредби со неговите сонародници Серхио Агуеро, Хавиер Пасторе, Карлос Тевес, Омар Сивори, Диего Марадона, и Лионел Меси, како и со поранешните италијански напаѓачи Винченцо Монтела, Алесандро Дел Пјеро, и Роберто Баџо. Се смета, исто така, за одличен изведувач на пенали и на слободни удари.

Клупска кариера Почетоците во Институто Растејќи како дете започнал да игра фудбал во екипата на Институто од Кордоба. На возраст од десет години бил поканет на проби во Њуелс Олд Бојс, но неговиот татко претпочитал тој да остане во Институто заради блискоста до дома. Кога имал петнаесет години, тој го загубил својот татко, па одлучил да се пресели во Кордоба каде ќе живее и ќе и се посвети на својата професионална кариера.

Сезоната 2011-2012 во која Институто се натпреварувале во Примера Б Насионал била неговата прва сезона како професионалец, со договор вреден 900 € годишно, (или 4.000 пезоси годишно) односно минималната плата во клубот. Тој дебитирал за првиот тим на Институто на 13 август 2011, во натпреварот Институто-Уракан 2-0, во првото коло од сезоната, играјќи како стартер до 71-вата минута кога бил заменет со Марсело Бергезе.

Својот прв гол Дибала го постигнал во следното коло, на 20 август, во натпреварот Алдосиви-Институто 2-2; неговиот гол бил за моментален резултат 1-1. Во натпреварот против Атланта, кој се одиграл на 8 октомври во рамките на десеттото коло од првенството, Дибала за првпат бил повеќекратен стрелец, постигнувајќи хет-трик во убедливата победа со 4-0 во гости.

Регуларниот дел од сезоната го затворил со 38 настапи и 17 гола, вклучувајќи уште еден хет-трик во победата со 4-1 на гостувањето кај Спортиво Десампарадос на 26 март 2012 (26-то коло); иако за него ова била дебитантска сезона, бил еден од најдобрите играчи во лигата. Исто така, тој поставил четири рекорди: станал најмладиот играч кој постигнал гол кршејќи го рекордот на легендарниот Марио Кемпес, бил првиот кој одиграл 38 последователни натпревари во професионалната лига на земјата повторно надминувајќи го Кемпес, бил првиот кој успеал да постигне два хет-трика во една сезона и да постигне гол во шест натпревари по ред (од 22-рото до 27-мото коло), надминувајќи го претходниот рекорд за постигнување гол во четири последователни натпревари кој бил поставен од неколку играчи.

Палермо left|thumb|205px|Пауло Дибала изведува корнер за Палермо. Откако бил откриен од страна на скаутот од Јужна Америка, Густаво Маскарди (кој во моментов е негов агент), тој му го препорачал на својот добар пријател Шон Солјано, тогашниот спортски директор на италијанската екипа Палермо, па клубот од Сицилија го купува Дибала од Институто уште во текот на сезоната. На 28 април 2012 година претседателот на Палермо неофицијално најавил купување на играчот за сума од 12 милиони € (вклучувајќи ги сите такси и бонуси, што претставува рекорден трансфер на клубот), плус аванс од 3.5 милиони евра кој веќе биле платени претходно. Два дена подоцна завршила исплатата на последната од петте рати од страна на британската компанија Пенсилхил Лимитед, која ги добила сите права на играчот; веднаш потоа аргентинската екипа најавила дека договорот за премин на Дибала во Палермо веќе не е во нивна надлежност.

Институто ја завршил сезоната на третото место после поразот во последното коло од сезоната поради што не успеале да изборат промоција во Првата лига на Аргентина; Дибала учествувал потоа и во двата натпревари од плејофот против Сан Лоренцо завршувајќи со вкупен резултат 3-1.

Откако ги поминал медицински тестови во месец мај, на 20 јули 2012 официјално потпишал договор со Палермо на четири години, за плата од 500.000 € која би можела да се зголеми во зависност според постигнатите цели, и лични и на тимот. По потпишувањето на договорот го избрал дресот со број 9., кој ќе го носи за време на целата своја кариера во Палермо.

Своето деби во италијанското првенство во дресот на Палермо го направил во второто коло од сезоната 2012-2013 во натпреварот Лацио-Палермо (3-0), влегувајќи во игра од клупата за резерви во 58-мата минута на местото на Фабрицио Миколи. Во осмата рунда на првенството, ремито 0-0 против Торино, за првпат играл како стартер до 55-тата минута кога бил заменет од Миколи. На 11 ноември, во дванаесеттото коло од сезоната, тој постигнал двата гола (негови први во Серија А) во својот втор натпревар како стартер, помагајќи им на росанеро да ја победат Сампдрорија со 2-0. Сезоната завршила со испаѓање на Палермо во Серија Б, откако на 12 мај 2013 биле поразени со 1-0 на гостувањето кај Фјорентина во 37-мото коло. Дибала ја завршил сезоната со 27 настапи и 3 гола (последниот бил против Лацио во 21-вото коло) во Серија А и еден настап во Купот на Италија. По завршувањето на италијанското првенство Дибала се вратил дома на одмор, каде што, како гостин на неговиот стар тим, бил прикажан во "Las Glorias del Futbol", галеријата, во која се претставени најистакнатите играчи во историјата на црвено-белите. Paulo Dybala y Julio Chiarini, glorias del fútbol mundod.lavoz.com.ar

Својот прв гол во сезоната 2013-2014 во Серија Б го постигнал на 1 март 2014 година, во победата со 2-1 над Бари и тој се покажал како одлучувачки. На 3 мај 2014 година, со победата над Новара на гости со 1-0, Палермо изборил промоција во Серија А - враќање во елитата по само една сезона отсуство. Сезоната ја завршил со 28 првенствени настапи (на кој постигнал 5 гола) и два во италијанскиот куп.

Сезоната 2014-2015 ја започнал со гол уште во првото коло од Серија А, ремито 1-1 на домашен терен со Сампдорија на 31 август 2014 година. На 2 ноември го изедначенил својот број на постигнати голови во една сезона во Серија А, 3, постигнувајќи гол во победата со 2-0 над Милан на Сан Сиро. На 24 ноември го постигнал својот петти гол за сезоната, во натпреварот Џенова-Палермо 1-1. Шест дена подоцна во победата над Парма со 2-1 го постигнал својот шести гол со што го надминал својот личен рекорд за постигнати голови во една сезона од неговото доаѓање во Италија. На 6 декември 2014 година, во натпреварот од 14-тото коло против Торино (што завршил 2-2), го постигна својот седми гол во сезоната; точно еден месец подоцна постигнал два гола во победата со 5-0 над Каљари. На 2 мај 2015 година, на гостувањето кај Сасуоло (0-0) во 34-тото коло од сезоната, за првпат бил капитен на тимот, поради отсуството на Едгар Барето, Стефано Сорентино и Синиша Анѓелковиќ. Сезоната ја завршил со 34 настапи во Серија А на кои постигнал 13 гола и имал уште 10 асистенции, формирајќи одлично партнерство во нападот со уште еден аргентинско-италијански фудбалер Франко Васкес.

Јувентус 2015-2018; Три домашни двојни круни и европско финале На 4 јуни 2015, Дибала потпишал петгодишен договор со Јувентус во трансфер вреден 32 милиони евра. Играчот бил претставен на 14 јули, кога го избрал дресот со број 21, претходно носен од славниот италијански фудбалер Андреја Пирло. Своето деби за Јувентус го направил на 8 август, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Кингсли Коман во 61-вата минута од натпреварот за Суперкупот на Италија против Лацио во Шангај. Во 73-тата минута од истиот натпревар, тој го постигнал својот прв гол во дресот на Јувентус вториот гол за бјанконерите во натпреварот, на асистенција на Пол Погба во победата со 2-0. Така, тој го освоил својот прв трофеи со новиот клуб уште во својот прв настап. Својот прв првенствен погодок го постигнал на 30 август против Рома во поразот на гости со 2-1.

На 15 септември 2015 го направил своето деби во европските натпреварувања, на гостувањето во Англија кај Манчестер Сити во победата со 2-1 во првото коло од групната фаза на Лигата на шампионите, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 77-мата минута на местото на Марио Манџукиќ. Својот прв погодок за сезоната во Купот на Италија го постигнал на 16 декември 2015 против Торино за моментален резултат 3-0, во победата со 4-0, во натпревар од осминафиналето на турнирот. На 23 февруари 2016 тој го постигнал својот прв погодок во својата кариера во европските натпреварувања во натпреварот Јувентус-Бајерн Минхен 2-2, стрелајќи прецизно за моментален резултат 1-2 и враќање на Јувентус во натпреварот. Со двата гола против Сампдорија во победата на домашен терен со 5-0 во последното коло од Серија А 2015-2016, Дибала завршил на второто место на списокот на стрелците со 19 постигнати гола (зад Гонсало Игуаин кој имал 36), но она што е поважно го освоил своето прво скудето во кариерата. Дибала играл и во финалето на Купот на Италија, каде неговиот Јувентус го победил Милан со 1-0 по продолженија. Својата прва сезона во црно-белиот дрес ја завршил со 46 настапи во сите натпреварувања и 23 постигнати гола.

thumb|left|Дибала со Јувентус во 2017.