Боровичене () — село во Петричко, Пиринска Македонија, денес во општината Петрич на Благоевградската област, југозападна Бугарија.

Географија и местоположба

Селото се наоѓа во планински реон, на 20 километри западно од градот Петрич и на 42 км југоисточно од градот Свети Врач. Атарот на селото зафаќа простор од . Селото се наоѓа на надморска висина од 388 метри.

Историја Османлиско Царство

Селото се споменува во османлиски дефтер од 1570 година под името Боровичани, Во истата година, во селото живееле 73 христијански и 3 муслимански семејства.Турски документи за историјата на македонскиот народ. Опширни пописни дефтери од XVI век за Кустендилскиот санųак, Т.V/3, Скопје, 1982, стр. 598-600.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Боровица (Borovitza) се состоело од 33 куќи, и 102 Македонци.Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 148-149.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 150 жители, сите Македонци.Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 187. Селото било под влијание на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во селото живееле 136 Македонци под врховенството на Бугарската егзархија.Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905, рр. 186-187.

Бугарија По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Бугарија. До 1947 година Боровичене било мала на поранешното село Игуменец.

Редовни настани Редовно на христијанскиот празник Илинден луѓето од село Боровичене одржуваат годишни празници во текот на три дена.

Наводи

Надворешни врски Слики од селото

Категорија:Општина Петрич Категорија:Села во Пиринска Македонија