Амел Тука (роден на 9 јануари 1991 г.) е босански атлетичар кој е специјализиран за трката на 800 метри. Во сопственост на Тука се босанските рекорди на трките на 400 и 800 метри.

На Светското првенство 2015, Тука го освоил бронзениот медал на трката на 800 метри, со што на својата земја ѝ го донел првиот медал од светските првенства.

Кариера Тука со атлетика почнал да се занимава сосема случајно во 2008 година, кога како ученик во трета година во СТУ „Кемал Капетановиќ“ од Какањ, учествувал на мали олимписки игри во Зеница и победил на трката на 400 метри. Тренерот на АК Зеница, Халид Седиќ го повикал на разговор, после кој Тука станал член на клубот. Тој живеел во Какањ, па така морал секој ден да доаѓа на тренинзи во Зеница. Само неколку месеци подоцна, Тука постигнал одлични резултати на јуниорското првенство на БиХ, победувајќи на трките на 400 и 800 метри. Тука станал дел од репрезентацијата и учествувал на Балканското првенство во Грција, каде завршил на третото место. После овие успеси, тој бил прогласен за атлетско откритие на годината во БиХ."Amel Tuka, otkriće bh. atletike: 'Moramo vjerovati u sebe'", Novo vrijeme.

Во јуни 2013, Тука победил на трката на 800 метри од третата лига на Европското екипно првенство, забележувајќи време од 1:51,11. Еден месец подоцна, тој го освоил бронзениот медал на Европското првенство до 23 години на трката на 800 метри, забележувајќи државен рекорд од 1:46,29. По првенството, Тука се преселил во Верона, Италија за да тренира со тренерот Џани Џидини.

На Европското првенство 2014 во Цирих, Тука завршил на 6 место во финалето на трката на 800 метри, соборувајќи го сопствениот рекорд и поставувајќи нов од 1:46,12.Klix: Amel Tuka šesti na Evropskom prvenstvu, oborio lični i bh rekord, 15 август 2014

На 1 јули 2015, Тука бил победник на трката на 800 метри на меѓународниот митинг во Велење, Словенија и обезбедил пласман на Летните олимписки игри 2016 истрчувајќи време од 1:44,19, со што повторно поставил нов сопствен и државен рекорд. Zenica blog: Novi rekord: Amel Tuka ide na olimpijadu u Rio! 2 July 2015 Десет дена подоцна, тој истрчал уште побрзо, победувајќи на трката на 800 метри во Мадрид со време од 1:43,84. IAAF: Tuka times his finish to perfection. 11 July 2015 На 17 јули 2015, на митингот од дијамантската лига во Монако, Тука повторно го подобрил сопствениот и државниот рекорд на 800 метри истрчувајќи за 1:42,51, резултат кој го прави единаесетти на сите времиња. Тој на целта завршил пред олимпискиот сребрен медалист Најџел Амос и пред светскиот шампион Мохамед Аман.http://www.iaaf.org/competitions/iaaf-diamond-league/herculis-5639/results/men/800-metres/final/result

Лични рекорди Дисциплина Резултат Место Датум800 метриНа отворено1:42,51 Монако, Монако17 јули 2015Во сала1:48,86 Истанбул, Турција21 февруари 2015400 метриНа отворено47,19Бар, Црна Гора1 мај 2013

Наводи

Надворешни врски Амел Тука на IAAF.org Амел Тука на european-athletics.org

Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1991 година Категорија:Босански атлетичари